Секоја година на Дворскиот плоштад во срцето на Санкт Петерсбург се одржува свечено отворање на мотоциклистичката сезона. На чело на колоната оваа година беа Ноќните Волци, првиот официјален мотоциклистички клуб во Русија. Овие слики со Ноќните Волци се снимени од рускиот фотограф Сергеј Николаев.
Ноќните волци се предводени од овој човек, Александар Залдостанов, познат под прекарот Хирург. Ова секако звучи застрашувачки, особено во контекст на набилдан, истетовиран лидер на моторџиска банда. Но, Залдостанов навистина бил орален хирург.
Ноќните Волци се залагаат за патриотизам, цврста вера во Руската православна црква и се антизападно, антифеминистички, антигеј настроени и се против украинската револуција.
Од страна на западните медиуми Ноќните Волци се сметани за „оддел за ПР Путин на две тракала“. Наводно и самиот Путин возел со бандата на својот Харли Дејвидсон трицикл, а државата им доделила државно финансирање.
Ноќните Волци се забранети надвор од Русија, поради нивните тесни врски со Кремљ. САД издадоа забрана на Ноќните Волци во нивната земја бидејќи некои членови активно се вклучиле во борбите во Украина. Покрај тоа, забранет им е влезот и во Канада и Европската Унија.