Блогер и авантурист кој патува низ светот на стар мотоцикл само што снимил фасцинантно видео за неговото искуство во Иран. Со оглед на тоа што луѓето од западниот свет за овој дел од светот знаат само тоа што им се сервира во медиумите, тој нуди малку поинаков увид за реалноста на животот таму.

Ед Марч отпатувал во Иран како дел од епско патешествие на Хонда С90, од Малезија до Велика Британија. Тој признава дека бил нервозен во врска со патувањето, но сите му велеле дека тоа е прекрасна земја. Ед решил да се нафати и се испоставило дека до сега тоа му е омилениот дел од патувањето. Во основа, Ед бргу открил дека Иранците се неверојатен народ. Секој кој ќе го сретнел сакал да му даде некаков подарок; пенкало, портокал, малку храна, што и да е. Сите се насмевнуваат и поздравуваат, сакаат да дознаат од каде е, и го канат на јадење.

„Секој се однесува како да е баба на твојот пријател“, вели Ед, шокиран од толкавата великодушност и гостопримство кои ги прима. „И кога велам секој, мислам буквално секој.“

Ед, кој своето патешествие го снима на филм, дава свое објаснување за негативната пропаганда против земјата. „Наречете ме циник“, вели тој, „но мислам дека тоа е така за кога Америка ќе нападне некоја земја да нема отпор во јавноста, бидејќи луѓето ќе бидат убедени дека Иран е зол“.

Сподели на Facebook
пати видено