Мажена плавуша разговара со другарка: – Мојот ми рече дека ако уште еднаш разбере дека сум го изневерила, ќе се самоубие. Од тогаш повеќе ништо не му кажувам и веќе седум пати му го спасив животот.
– – – – – – –
– Душо, читам во еден прирачник тука: „Искусната жена е како рибар – ги лови мажите со мамка: шминка, деколте и минич.“
– Ништо ново. А неискусната?
– Чакај да видам … а еве: .. со бременоста.
– – – – – – –
Жена стои на работ на балконот на 8-миот кат и му вели на својот маж:
– Не можам да живеам со таков женкар, пијаница и… престани да ме поттурнуваш!
– – – – – – –
Жена се враќа дома и го наоѓа сопругот во кревет со друга.
Мажот:
– Миме, брзо јавувај се во полиција, ме силуваат!
– – – – – – –
– Пред свадбата си имал ли секс со жена ти?
– Не! А ти?
– Јас да, но не знаев дека ќе се жениш за неа!
– – – – – – –
Парадоксот на писоарот:
– Околу него секогаш е измочано, бидејќи никој не се приближува. А никој не се приближува, бидејќи околу него секогаш е измочано.
– – – – – – –
– Докторе, колку треба да сум висока за моите килограми?
– 4 метри!
– – – – – – –
Статистиката покажува дека еден маж во просек има секс по 89 пати годишно. Изгледа ме очекува многу бурен декември.
– – – – – – –
– Ало, драги! Си купив страшни нови чизми.
– Еј, ај ќе ти се јавам малку подоцна, сега не можам да пцујам…
– – – – – – –
Еден човек отишол на посета на својата болна тешта. Кога се вратил од болница, жена му го прашала:
– Како е мајка?
– Изгледа ќе ја пуштат наскоро. Докторот рече да се подготвуваме за најлошото.
– – – – – – –
– Боже, што се случило со твојата фигура?
– Како што? Па имам две деца!
– И ги изеде?!
– – – – – – –
– Гледај бабо, на компјутерот може да се отворат неколку прозорци!!!
– Гаси го тоа нешто ќе направиш промаја…
– – – – – – –
Парадоксот на вегетаријанството:
Секое вегетаријанско јадење е повкусно ако е направено со месо.
– – – – – – –
– Што е заедничко помеѓу колата и мажот?
– Им ги гледаш недостатоците откако ќе легнеш под нив.
– – – – – – –
– Доматите ГМО ли се?
– Не, но тивко, за да не ги разбудиш.
– – – – – – –
– Синоќа им набив рогови на тројца!
– Е како така бе?
– Спиев со жена ми!
– – – – – – –
Пациентот:
– Колку ми останува?
– 10.
– Години? Месеци?
– 9, 8, 7 …
– – – – – – –
Пред да се роди во болницата рекоа:
– „Машко е“, а сега го чекаат да порасне и да се изјасни.