Има безброј статии и книги за самопомош кои тврдат дека двојките коишто имаат многу секс се најсреќните. Но, ново истражување го демантира тоа и тврди дека клучот за успешната врска е едноставно да водите љубов само еднаш во неделата. Засновано на проучувања на повеќе од 30.000 луѓе во текот на четириесет години, истражувачите откриле дека нивото на среќа се зголемувало кај двојките коишто имале секс само еднаш седмично, а повеќе од тоа воопшто не предизвикувало зголемување на нивото на среќа.

„И покрај тоа што честиот секс се поврзува со поголемата среќа, почестиот секс од еднаш седмично не прави голема разлика“, вели Ејми Мјуз, водечки истражувач од универзитетот во Торонто. „Нашите наоди сугерираат дека е важно да се одржува интимната врска со вашиот партнер, но не мора да го правите тоа секој ден, сѐ додека таа врска редовно се одржува.“

s01

Во текот на една студија, истражувачите ги анализирале анкетните одговори во врска со честотата на сексот и општата среќа кај повеќе од 25.000 Американци. Тука биле вклучени 11.825 мажи и 14.225 жени, кои одговарале на анкетни прашања во периодот од 1989 до 2012 година. Според ова проучување, како и претходни, двојките коишто себеси се сметале за среќни, вообичаено имале сексуален однос еднаш во неделата.

И покрај вообичаените стереотипи дека мажите имаат повеќе секс, а постарите луѓе помалку, не била најдена никаква разлика врз основа на полот, возраста или траењето на врската. Но, сепак се испоставило дека сексот повеќе влијае на среќата од парите. Истражувачите спровеле онлајн анкета во која биле опфатени 335 луѓе – 138 мажи и 197 жени и кај нив биле забележани слични резултати кога станува збор за сексот. Покрај тоа, овие учесници дополнително биле прашани за нивните годишни приходи. Имало поголема разлика во среќата помеѓу луѓето коишто имале секс помалку од еднаш во месецот во споредба со тие коишто имале еднаш неделно, отколку помеѓу луѓето кои имале приход од 15.000 долари и 25.000 долари во споредба со луѓето коишто имале 50.000 и 75.000 годишно.

s02

„Луѓето често мислат дека повеќе пари и повеќе секс е еднакво на повеќе среќа, но ова е вистина само до извесна мера“, вели д-р Мјуз. Таа смета дека на нивото на среќа влијае видот на врската и контекстот во кој се практикува сексот. Откритијата се објавени во журналот „Здружение за индивидуална и социјална психологија.“

Сподели на Facebook
пати видено