Кој вели дека животните немаат чувства? Оваа трогателна снимка покажува дека и малите папагалчиња имаат чувства и тагуваат по своите починати.

На видеото се снимено во Турција се гледа како папагалчето се мачи да се збогува со мртвото другарче, па дури и се обидува да ја колвне раката на сопственикот кога тој посегнува да го завитка мртвото папагалче и да го однесе. Реакциите на луѓето на ова видео се слични, кај сите се буди сочувство за двете птички.

Ваквите сцени нѐ тераат да се замислиме, бидејќи многу често го сфаќаме животот здраво за готово, и тоа човечкиот, а не пак на другите животни. Но и тие имаат чувства, а ова е само еден пример за тоа.

Сподели на Facebook
пати видено