1. Тројца логичари влегуваат во бар. Шанкерот ги прашува: „Дали сите ќе пиете пиво?“
Првиот одговара: „Не знам.“ Вториот одговара: „Не знам.“ Третиот одговара: “Да.”
2. Ајнштајн, Њутн и Паскал играат криенка. Ред е на Ајнштајн да брои, затоа тој ги затвора очите и почнува да брои до десет. Паскал бега и се крие во грмушките. Њутн црта квадрат со страна од еден метар точно зад Ајнштајн и застанува во неговите црти. Ајнштајн го завршува броењето, ги отвора очите, го гледа Њутн и веднаш извикува: „Њутн! Те најдов!“ Њутн се насмевнува и се буни: „Ааа, не, не си ме нашол Мене. Го најде Њутн на квадратен метар. Значи го најде Паскал!“
3. Математичар и инженер се согласиле да учествуваат во експеримент. Двајцата биле ставени во соба, на другиот крај имало убава гола жена во кревет. Условот на експериментот бил дека на секои 30 секунди секој има право да помине половина од растојанието помеѓу него и жената. Математичарот избувнал: „Тоа е бесмислено“ и тргнал да си оди. Инженерот се согласил да продолжи со експериментот. На излегување математичарот му рекол: „Не гледаш ли дека никогаш нема да ја стигнеш?“. Инженерот одговорил: „Па што ако? За кратко време ќе сум доволно блиску за да ги постигнам сите практични цели.“
4. Римјанин влегува во бар. Крева два прста и вели: „Келнер, пет пива молам.“
5. Сопругата на професор по логика раѓа. Докторот веднаш му го дава новороденчето на среќниот татко. Мајката прашува: „Момче ли е или девојка.“ Мажот одговара: „Да.“
6. Павлов седи во кафана и пие пиво. Одеднаш телефонот во кафаната заѕвонува. Павлов скокнува и извикува: „Леле, заборавив да го нахранам кучето!“
7. Мачката на Шредингер влегува во еден бар. И не влегува.
8. Жената на еден програмер му нарачала: „Оди до продавница и земи еден леб. Ако има јајца, земи 10.“ Програмерот се вратил дома со 10 леба.