Некои од нашите омилени писатели имале интересни животни приказни коишто допринеле не само во обликувањето на самите нив како личности, туку и во стилот и содржината на тоа што го пишувале. Ова се некои од најневеројатните и најизненадувачките факти за некои од најпознатите писатели во историјата на пишаниот збор.

1. Стивен Кинг

p01

Кога Стивен Кинг бил дете, видел како негов пријател бил прегазен од воз, така што „Тело“ сега можете да го гледате во сосема поинакво светло.

2. Роалд Дал

p02

Роалд Дал, човекот кој пишувал за фабрики за чоколади и вештерки, всушност работел како шпион за време на Втората светска војна.

3. Ернест Хемингвеј

p03

Верувале или не, Ернест Хемингвеј пробал – и не успеал – да стане шпион за КГБ, иако некои мислат дека тоа било обид да ја продлабочи својата креативна инспирација.

4. Чарлс Дикенс

p04

Еден од најлегендарните автори на сите времиња, Чарлс Дикенс, исто така бил и еден од најраните ловци на духови, членувајќи во една лондонска група наречена „Клуб на духови“.

5. Џ.Р.Р. Толкин

p05

Толкин знаел вкупно 20 јазици, што веројатно е причината зошто му било толку лесно да измисли свои вештачки јазици, со кои говорат неговите елфи.

Сподели на Facebook
пати видено