Да си признаеме: Ништо не сакаме толку многу колку да разобличуваме некој од политичките ентитети кои владеат со луѓето во светот со различни степени на ефикасност. Често пати нашиот критицизам е оправдан. Во други прилики пак, често забораваме како да размислуваме и ги засновуваме нашите мислења врз некој пост на Фејсбук од кој ти знае кој таму. Но, дури и во нашите најлоши моменти – кога ќе се најдеме себеси во три часот наутро ниедно време на интернет, пребарувајќи во потрага по последните скандали – никогаш нема стапнеме толку ниско колку овие луди теории. Или, можеби и не се толку луди тие, туку светот во кој живееме?

5. Барак Обама е супер-злосторник

cr01

Луѓето со определен начин на мислење отсекогаш имале зла волја кон секој задник кој ќе седнел врз еквивалентот на Железниот Трон во вистинскиот живот. Сигурно има некои стари скришни одаи маскирани со тапети, полни со белешки во врска со тајните вампирски здруженија на Џемс Медисон, а да не зборуваме за тоа како Американците развиле најразлични легенди за супер-моќите на Абрахам Линколн.

Згора на сето тоа, сегашниот американски претседател Барак Обама ја има лошата среќа да биде само вториот претседател на САД во ерата на социјалните медиуми, и со тоа автоматски да биде цел на сето лудило кое се крие во нив. Очигледно откачените теории на заговор имаат обичај да развиваат секакви неверојатни нешта, но во случајот на Обамам, се чини дека сите, па дури и нивната глуба прабаба знае нешто за него: Обама го фалсификувал неговиот извод од книгата на родените. Обама е муслиман фундаменталист. Тој никогаш не го убил Осама Бин Ладен. Тој всушност е Осама Бин Ладен. Тој е активен терорист кој сака да ги „гасифицира Евреите“. Еј, па тој може и да е Антихристот лично, зошто да не?

cr02

Се разбира, покрај тоа што со самиот факт дека е Демократ паѓа во очи на голем дел од американската јавност, има и еден друг аспект за Барак Хусеин Обама кој секогаш ќе им боде во очи на луѓето: тој е првиот американски претседател кој бил вистинска бубалица. Секако, сите овие теории можеби потекнуваат од некои луд/збунети/лошо информирани поединци, но на сите нив им е добродојден медиум со милионска публика кој добро знае како да ги потпали сите тие гласини – Фокс Њуз.

cr03

5. Ангела Меркел е ќерка на Хитлер

cr04

Ангела Меркел, канцеларот на Германија и најверојатно најмоќната жена во светот, управува со нејзиниот брод повеќе од една деценија без речиси да го промени изразот на своето лице. Често се смета за вистинскиот лидер на Европската Унија и втората најмоќна личност во светот, што е вистинско достигнување и жив доказ за лидерските квалитети на г-ѓа Меркел.

Или можеби е подобро да кажеме – Ангела Хитлер? Да, некои луѓе навистина немаат проблеми во правењето семожни врски и комбинации. Овој бисер е особено популарен помеѓу луѓето кои не можат да си ја замислат Германија без некоја нацистички заговор. Општо земено, ова „шокантно откритие“ се „припишува“ на „тајни документи од Штази протечени во јавноста“, или на „нашите доверливи извори“, според кои „Ангела Хитлер“ и нејзината огромна моќ е дел од „долгорочниот план на Хитлер“ за доведување на цела Европа под железната чизма на „династијата Хитлер“.

 

cr05

Но, дури и ако заборавиме на фактот дека Меркел е од Хамбург и точно се знаат нејзините родители, ова нема смисла. Згора на сѐ, половината од тие кои го тврдат тоа, за „доказ“ приложуваат слики од Втората светска војна во кои Хитлер во рацете држи некое девојче, и покрај тоа што Меркел се родила во 1954 година. И потоа ќе бидете бомбардирани со долги и досадни објаснувања за вештачко оплодување, за советски и ватикански заговори, за луди доктори кои го остваруваат планот на нивниот мртов фирер и добар дел од заплетите во серијата Волфенштајн и тоа за што? За жена која се труди да управува со својата земја најдобро што може. Се разбира, можеби сето тоа се должи и на тоа што светот е полн со збунети и исплашени тапчовци кои не можат да прифатат моќна жена без да ја стават во позиција на пиун во дузина заговори осмислени од мажи.

cr06

3. Зад атентатот на Линколн стоел папата

cr07

Вистински морничавото нешто кај забеганите теории е дека понекогаш на некој со некаква слава и кредибилитет ќе му дојде некоја мисла и потоа многу луѓе ќе го слушаат со многу поголемо внимание отколку што би требало. Помислете си само на бившите водители на музичката телевизија МТВ кои успеале да убедат голем дел од американската јавност дека вакцините се лоши. Пензионирани хирурзи и електроинженери го користат својот авторитет и почнуваат да шират сомнителни теории за пирамидите. Иако повеќето со здрав разум би слегнале со рамењата и би се насмеале кисело, други зјапаат во ТВ екранот и си мислат: „Глеј шо умен човек, знаев јас дека пирамидите се нешто повеќе од џиновски силоси. Е, за него ќе си гласам.“

cr08

Се разбира, ова не е нов феномен. Таков е случајот и со Емет Меклафлин, почитуван францискански свештеник кој се залагал за здравствена нега и вдомување на сиромашните во областа на Феникс во триесеттите. Човекот бил американска верзија на Мајка Тереза, расчистувал гета, основал болници и општо земено станал легендарна фигура во тој крај – а на крајот се откажал од свештенстовото бидејќи бил премногу зафатен со отворањето болници за да се занимава со религии. А покрај тоа, бил и цврсто убеден во теоријата на заговор дека зад атентатот врз Абрахам Линколн стои папата Пиј IX.

cr09

Според неговата книга „Истрага за атентатот на Абрахам Линколн“, моокот зад операцијата да се вметнат куршуми во телото на Чесниот Ејб бил соучесникот во заговор на Џон Вилкис Бут, Џон Сурат, кој пак бил почесен ветеран чиишто акции биле со знаење и одобрување од папата – или пак директно наредени од него. Како мотив за тоа, Меклафлин предлага дека Пиј бил против укинување на ропството и на Линколн гледал како на своја антитеза која ќе ја загрози моќта на црквата во Америка. Папата Пиј и имал навика да се меша во американската политика, а неговите симпатии кон Конфедерацијата предизвикале конгресот да ги прекине дипломатските врски со Ватикан што траело впечатливи 117 години. Но, сепак треба да се има предвид дека оваа теорија е плод на мозокот на бивш поп кој имал негатиен став кон црквата и минал неколку децении критикувајќи ја.

cr10

2. Папата Францис и волшебниот мозочен тумор

cr11

Во октомври 2015 година избил жесток скандал во Ватикан: На папата Францис не само што му бил дијагностициран тумор, туку имало и разработен заговор од неговите непријатели за да го онеспособат. Медиумите полуделе, со наслови како: „Црквата во хаос: кој тоа сака папата да умре?“ По жолтиот печат почнале да се шират секакви сомнителни теории, што воопшто не е за чудење, а најфрапантната е дека тој тумор се појавил по пат на клетва фрлена од некој од кардиналите. Но, Ватикан дискретно го прочистил грлото и напомнал дека папата всушност нема никаков тумор, благодарам многу, а јапонскиот неврохирург кој според приказните го прегледал папата бил изненаден кога дознал дека неговото име е доведено во врска со тоа.

cr12

Секако, овие теории на заговор во врска со Ватикан се лесни за потпалување, бидејќи историски гледано, Ватикан е познат по тоа што не баш суптилно се справувал со своите непријатели.

1. Владимир Путин го советуваат вонземјани

cr13

Во западниот свет е многу лесно да избијат семожни теории на заговор за претседателот на Руската Федерација, од очигледни причини кои и не мора многу да ги набројуваме, покрај неговата ладнокрвност и фактот дека последен пат трепнал во 1977 година, се чини дека добива внимание не повеќе од било кој друг просечен светски лидер, и веројатно помалку од Џастин Бибер.

cr14

Секако, добро е позната вистинската причина за толкавата таинственост на Путин. На крајот на краиштата, тој е експерт политичар кој се опкружил себеси со најдобрите можни советници благодарение на кои е толку успешен: вонземјани! Да, според гласините и глупавите таблоиди, Влад се опкружил себеси со вистински живи вонземјани. Овие суштества наводно го советуваат за неговите дејствија во Украина и на други фронтови.

cr15

Сиве овие гласини влечат корен од еден луд и безначаен британски политичар, Симон Паркс, кој тврди дека бил киндапиран од вонземјани  и дека ѝ направил дете на вонземјанка висока 2.7 метри, и човекот си финансира таблоиди и сомнителни сајтови преку кои ја форсира неговата небулоза. Ете, тоа ви е современото новинарство во неговата најлоша форма. Бладањата на некој безумник, преку системот „рекла-казала“ добиваат милионска публика и голем број на поборници и следбеници, цврсто убедени дека тоа е вистината и ништо друго!

Сподели на Facebook
пати видено