Утрово бев на риболов, но многу брзо ми заврши мамката!
И тогаш видов змија со жаба во устата. Знам дека жабите се мамка за крап. Знам дека змијата не може да ме касне додека жабата е во нејзината уста и ја фатив за врат, ја стиснав и ја зедов жабата.
Потоа се мислев како да ја пуштам змијата, без да ме касне. Затоа отидов и го зедов шишето со домашна ракија и ѝ турив малку во устата.
Змијата ги преврте очите и се преврте… ја пуштив и избегав. Продолжив јас да ловам риба и по кратко време осетив нешто како ми се замота околу нозете. И што да видам – истата змија ми донела уште две жаби.