Фотографии од мистериозните тунели прв пат се појавија пред 10-тина години, непосредно после познатиот човечки лик на површината на Марс, но не достигнаа толкава медиумска популарност. Во тоа време леталото „Mars Global Surveyor“ имаше најмоќна камера и во голема мера го збогати знаењето на науката за четвртата планета.

Овие фотографии од леталото посебно ги заинтересираа научниците, а особено луѓето кои веруваат дека на Марс постои некаква форма на живот. Да ги погледнеме фотографиите и на крај да се соочиме со фактите.

01

02

03

04

05

06

07

08

09

10

11

Денес на Марс има две возила кои детално истражуваат и документираат се, а во орбитата кружи сателит леталото MRO, кој со својата опрема успеа детално да истражи за што се работи. Денес со голема сигурност може да се каже дека тунелите не биле тунели туку само обични пукнатини, случајно формирани поради тектонските промени на површината. „Стаклените тунели“ на Марс се уште еден доказ како современиот човек од преголема желба да се случи чудо создава нови митови.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено