Две млади сестри развиле неверојатна вештина за виткање оригами на крајно млада возраст и ги продаваат своите дела, а со парите кои ги заработуваат, финансираат правење на бунари со вода за пиење насекаде низ светот. До сега девојчињата собрале преку 650.000 долари и успеале да отворат 70 нови бунари во најразлични региони во Африка, Индија, Мексико, Перу и САД.

123

Во 2011 година, петгодишната Кетрин Адамс и нејзината осумгодишна сестра Изабел дознале за маките низ кои минуваат луѓето од различни земји во светот дури и со наједноставните неопходности како водата. За да помогнат, девојчињата се решиле да ја употребат својата вештина за изработка на оригами. Со првите донации успеале да финансираат изградба на бунар во Етиопија, и потоа го продолжиле нивното добро дело и во следните четири години.

Сега, кога се на возраст од девет и единаесет години, девојчињата имаат цела организација наречена „Хартија за вода“, организација која во целост е непрофиттна и се грижи да ги промени нештата на глобално ниво.

„Кога секој во светот помага по малку, тогаш тоа се собира и прави многу. Виткањето оригами е едноставен начин на кој луѓето од било која возраст би можеле да помогнат да се смени светот“, изјавила Изабел. „Забавно е и друштвено и е добар начин да го употребите вашиот мозок за да помогнете на други луѓе“, додава Кетрин.

„Хартија за вода“ (Paper for Water) има свој профил на Фејсбук, а нивните производи можат да се купат на оваа веб страница.

Сподели на Facebook
пати видено