Трансексуалец кој бил преместен од „насилен“ машки затвор во затвор за жени бил сместен во самица за да биде на безбедно од другите затворенички. 26-годишната Тара Хадсон, која целиот свој живот како возрасна личност го живее како жена, била пратена во машки затвор во Бристол поради физички напад, но оваа пресуда на судиите наишла кај голема осуда во јавноста.
Повеќе од 150.000 луѓе, вклучувајќи и искусни политичари, потпишале петиција за шминкерката која шест години минала во менување на полот.
Но, неодамнешната жалба била одбиена бидејќи министерството за правда пресудило дека во пасошот на Хадсон стои дека таа законски е маж и дека првичната одлука била донесена врз основа на тој факт. Но, само неколку часа подоцна, затворската служба решила да го премести Хадсон во женски затвор во Глусестершир да ги отслужи преостанатите 12 седмици затворска казна. И покрај преместувањето, во јавноста се дозна дека трансексуалецот се држи во самица со образложение дека со тоа се намалува ризикот да биде нападнат и повреден од другите затворенички. Официјалните претставници тврдат дека за Хадсон се грижат на најдобар можен начин и ги ужива сите неопходни услови за нормален живот во затворот, но дека мора да се држи одвоено од другите затворенички за негово/нејзино добро.
Хадсон се родила како момче со името Арон, но по полнолетството го сменила својот пол и целиот свој живот го живее како жена, при што постојано е на хормонска терапија и се подложила на голем број хируршки интервенции.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!