Во Бангладеш се родило дете со две глави. Всушност, се работи за сијамски близначки кои делат едно тело, две раце и две нозе. Девојчињата се родиле со царски рез во областа Брахманбариа, и сега се наоѓаат на интензивна нега поради потешкотии со диењето. Таткото Миа Џамал вели дека бил вџашен кога го видел новороденчето. Тој кажал:
„Таа има две целосно развиени глави. Јаде со двете усти и дише со двата носа. Сепак, му благодарам на Алах што таа и нејзината мајка сега се добро. Освен тоа што има две глави, останатите органи и целото тело на новороденчето се како и на секое нормално новороденче.“
Феноменот кога близнаци делат едно тело е доста редок и се случува еднаш на секои 50.000-100.000 раѓања, при што шеесет отсто од таквите новороденчиња се раѓаат мртви или умираат подоцна.
Пред болницата во Брахманбариа се собрале илјадници луѓе, некои и од 120 километри оддалеченост, откако се проширила веста за „чудото“. Таткото на новороденчето, кој е сиромашен наемен работник, вели дека е загрижен за тоа како ќе успева да се грижи за бебето со сите потребни дополнителни трошоци.
„Тажен сум поради неа. Се роди кај сиромашен човек. Немам пари ни соодветно да се грижам за нејзината мајка.“, вели тој.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!