Крис „Бролга“ Барнс од засолништето за кенгури во Алис Спрингс, Австралија, се грижел за кенгурчето Инди, кое било спасено во јуни. Ова е моментот кога Крис го пушташе Инди на слобода.

На видеото се гледа како кенгурчето гушка рацете на Барнс и не сака да го пушти. Барнс е познат и како „Кенгур Данди“ поради неговата работа со спасување на ранети и напуштени кенгури. Тој работел како туристички водич во Северната Територија и забележал дека има потреба од специјално место за грижа за повредените и напуштените кенгури. Така тој во 2006 година отворил засолниште за кенгури, кадешто често се однесувал како сурогат мајка за малите кенгури. Неговата работа била тема за документарна серија на ВВС која била наречена „Кенгур Данди“, снимајќи ја секојдневната среќа во засолништето. Во 2014 тој бил именуван за Австралиец на годината.

kn

Сподели на Facebook
пати видено