Остварувањето на контакт со очите, некогаш неизбежното нешто во јавните места како преполн трамвај, автобус или музеј, сега е речиси невозможна мисија бидејќи луѓето наоколу скоро секогаш се внесени во екранот на нивниот мобилен телефон, вртејќи на Фејсбук кој каде бил и што јадел или пак убивајќи дигитални зомби чудовишта.
Нашата сѐ поголема зависност од информациските уреди кои како да ни се залепени за рацете била инспирацијата фото серијата SUR-FAKE на уметникот Антоан Гајгер, на која случајни луѓе се прикажани како екраните на нивните телефони ги вшмукуваат нивните лица.
Сликите прикажуваат деца, возрасни бизнисмени и туристи со нивните лица целосно изгубени и развлечени додека прават селфи фотографии, праќаат пораки или играат бесмислени игри. Овие уметнички дела несомнено испорачуваат моќна порака до човештвото.