Минатиот петок, британската организација „Ветерани за мир“ (Veterans For Peace UK) спроведоа значаен протест кој од мејнстрим медиумите беше целосно игнориран.

Само два дена пред британскиот празник Анзек, кој се одржува во спомен на загинатите британски војници во големите војни, тројца поранешни војници кои сега се сметаат за пацифисти ги фрлиле нинвите медали пред резиденцијата на британскиот премиер.

Пред Даунинг Стрит, ветераните се исправиле пред полициските барикади и ја направиле следната изјава:

„Ние сме членови на Ветерани за мир на Велика Британија, организација од бивши војници, мажи и жени кои ѝ служеле на оваа земја во секој конфликт од Втората светска војна наваму. Ние постоиме во надеж дека ќе ве убедиме дека војната не е решение за проблемите на 21. век. Денес дојдовме тука за да ги вратиме овие нешта кои на нас ни се дадени како на војници, нешта кои повеќе не ги сакаме и не ни требаат.“

Овие ветерани веруваат дека војната е бесчувствителен чин на терор, а тие би требало најдобро да го знаат тоа. Бившите војници се Џон Бултон, Киеран Девлин и Бен Грифин. Бултон служел во тенковска единица и бил вклучен во операции Кипар и Авганистан. Девлин служел во кралската инженерска единица и учествувал во операциите во Заливската војна и С. Иркса. Гривин служел во падобранската регимента и Специјалните воздушни сили, и бил вклучен во операции во С. Ирска, Македонија, Авганистан и Ирак.

Ветераните ги фрлиле нивните свечени заклетви и нивните армиски беретки на земја како чин на отфрлање на насилството.

„Ја носев оваа шапка како војник и порано имаше големо значење за мене. Повеќе не сакам да го чувам овој симбол на милитаризмот“, вели Грифин. Нему му се придружи Бултон, со зборовите: „Овие медали ми се дадени како заслуга за болната дихотомија за одржување мир и водење војна во исто време. Но тоа што тие навистина го претставуваат е личниот интерес на оние таму, кои се на моќ.“

Девлин, кој во армијата се придружил на само шеснаесет години, имал да го каже следново: „Ова се моите медали, овие ми беа дадени на мене како награда за напаѓањето на земјите на други народи и убивањето на нивните цивили. Сега ги враќам назад.“

Војната го оставила Грифин со истото лошо чувство: „Овие медали ми беа дадени за службаа во операции на Британската Армија.“, вели тој. „Конкретно овој медал ми беше даден за моето учество во окупацијата на Ирак. Додека бев таму, напаѓав цивили во нивните домови и ги одведував нивните мажи да бидат измачувани в затвор. Повеќе не ги сакам овие нешта кои заслужуваат презир.“

Потоа тројцата ветерани си заминале од Даунинг Стрит, оставајќи ги нивните свечени заклетви, беретки и медали расфрлани на тлото. Чинот на овие мажи бил дочекан со отров на многу од социјалните медиуми. Ги навредувале со зборовите „ѓубре“, само поради тоа што го изразиле својот став против војната и милитаризмот.

Сподели на Facebook
пати видено