Маж отишол кај хирург:
– Докторе, не се живее! Долг ми е до коленото, не можам бермуди да носам, скратете го до нормална големина.
– Добро. Влегувајте во оперативната сала.
Го ставиле на масата, му дале анестезија и се сетиле дека заборавиле да го прашаат човекот, каде точно да го сечат.
Побарале мислење колешката хирург. Се поврткала жената околу пациентот, гледала, гледала и конечно рекла:
– Колеги, наместо да го сечеме, јас предлагам да му ги издолжиме нозете…