Во редовите кои следуваат ќе имате можност да прочитате научно докажани факти за тоа како сексот може позитивно да влијае врз работата на вашиот мозок и да ве направи поумни и поуспешни луѓе. Но, пред да се стрчате кон тоалетот, мислејќи дека оргазам си е оргазам, уште на почетокот да ви кажеме дека сепак има голема разлика и дека хроничната мастурбација всушност може да биде и штетна. Уживајте… во читањето.

brain-sex

Сексот е одличен за вашиот мозок

Секој знае дека еден од најдобрите начини да се подобри работата на мозокот е со неговото користење. Извршени се безбројни истражувања за позитивните ефекти на умствените игри и предизвици врз основа на теоријата дека вашиот мозок е како мускул: колку повеќе го употребувате, толку е посилен. Д-р Бери Комисаурук од универзитетот Ратгерс открил дека кај жените оргазмот го зголемува дотокот на крв во дури 30 различни делови на мозокот. Зголемениот крвоток значи повеќе кислоред и хранливи материи за мозокот. Повеќе кислород и хранливи материи значи поздрав мозок. Според д-р Комисаурук, „менталните вежби ја зголемуваат активноста на мозокот, но само во релативно локализирани региони, додека оргазмот го активира целиот мозок“.

Сексот ве прави поумни

Според истражување спроведено при Мерилендскиот Универзитет, редовната сексуална активност го поттикнува процесот наречен неврогенеза – мозочниот процес на создавање нови неврони. При истото истражување, научниците откриле дека како резултат на тоа се стимулира и способноста за помнење. Друго истражување спроведено во универзитетот Конкук во Сеул заклучува дека редовната сексуална активност може да ја поврати способноста за помнење врз којашто хроничниот стрес има разорен ефект. Научната статија вели: „Сексуалната интеракција може да биде од помош да се заштити хипокампалната неврогенеза и функцијата на рекогнитивната меморија од потиснувачкиот ефект на хроничниот стрес.“

Сексот наспроти мастурбацијата

sex

И сега се јавува прашањето, што сѐ спаѓа под сексуална активност?“ Некој би можел да претпостави дека било каква сексуална активност, дури и таа која ја изведувате сами, би можела да ги доенесе истите резултати. Но, студија од Универзитетот на Тексас не се согласува со ова. Според нивното истражување, особено во поглед на луѓето кои имаат зависност од порнографија, прекумерното гледање порно (како и било која друга форма на зависност) може да резултира со трајни „анатомски и патолошки“ промени во мозокот.

Имено, главната разлика се состои во тоа што после сексуалниот однос нашиот мозок лачи хормон наречен пролактин. Овој хормон е значаен бидејќи му помага на мозокот да го урамнотежи лачењето на допамин. Премногу допамин во нашиот мозок може да доведе до реакција налик на зависност од дрога. Хормонот пролактин не прави да се чувствуваме задоволени, па така фактот дека мозокот лачи до 400% повеќе пролактин за време на сексуален однос отколку за време на мастурбација го спречува лошиот ефект на допаминот, имено, обесчувствувањето на мозокот.

Сподели на Facebook
пати видено