Луѓето често се жалат за високите трошоци за енергија, а од друга страна, факт е дека никој никогаш нема време за вежбање. Овој пронајдок ги решава и двата проблема, и што е уште поважно, овој пронајдок кој обезбедува бесплатна електрична енергија би можел да го поткрене животниот стандард на 1.3 милијарди луѓе кои во моментот живеат без електрична енергија и во тешка сиромаштија.

Како што сподлеува Маној Баргава, пронаоѓачот на хибридниот велосипед „Free Electric“, возможно е да се генерира електрична струја во домот преку едноставна рутина на вежбање. Кога поединецот ќе ги врти педалите на статичниот велосипед, дејството придвижува механизам кој придвижува генератор и полни батерија. Ова значи дека само со еден час вртење на педалите, едно селско домаќинство би можело да се снабди со енергија за 24 часа.

br

Милијардерот и неговиот тим го развиле концептот за со помош на механичката енергија да се реши еден од најтешките проблеми во светот.

„За сѐ е потребно енергија. Енергијата е она големо нешто што ги изедначува сите“, вели Баргава, додајваќи дека половина од светското население нема пристап до електрична енергија или имаат само два до три часа дневно.

Пристапот до чиста, бесплатна енергија, ќе им овозможи на заедниците погодени со сиромаштија не само да ги осветлат своите домови, туку и да се поврзат на интернет и да се образоваат. Варгава вели дека причината поради која сиромашните остануваат сиромашни е бидејќи немаат моќ. Тој има цел да го поправи ова со неговиот велосипед.

Сподели на Facebook
пати видено