Христијаните од Блискиот Исток се соочени со опасноста за десет години да бидат збришани од Блискиот Исток, како што се зголемува бројот на убиствата од страна на муслиманските екстремисти и се присилени да бегаат пред прогонствата.
Алармантната стапка на опаѓање на бројот на христијански верници би можела да значе дека во некои области религијата би можела да исчезне за само пет години, доколку светот не стори нешто, вели меѓународната католичка организација „Помош за црквата во потреба“.
Во Ирак, кадешто христијаните се касапени во масовни погубуваа од страна Исламската Држава, нивниот број само во последните дванаесет години опаднал од еден милион на само 275.000.
Истражувањата покажуваат дека верата исто така се соочува со зголемен притисок и во Саудиска Арабија, Иран и други земји од Заливот, додавајќи дека црквата е „замолчувана и истерувана од својата древна библиска постојбина.“ Во извештај наречен „Прогонувани и Заборавени“ британската добротворна верска група известува: „Во време кога голем број на луѓе се преселени и бегалскиот бран зема најголем замав, исламистички групи – пред сѐ ИСИС – извршуваат религиски мотивирани етнички чистења врз христијаните.“
Во делови на Блискиот Исток – особено во Сирија и Ирак – кризата е толку тешка, што без значајни интервенции од страна на светските сили, христијанското присуство таму би можело да исчезне за една деценија или дури побрзо.
Сириски бегалци го пробиваат полицискиот кордон на македонските полициски сили на граничниот премин во Гевгелија
Сликата е исто толку мрачна и во Сирија, која што е обременета со граѓанска војна, злосторствата на ИСИС и бомбардирањата од страна Западот и Русија. Според известувањата, минатата недела околу 15.000 христијани биле истерани од своите домови северно од Дамаск. Извештајот заклучува:
„Опаѓањето на христијанството може значително да ги намали можностите за мир меѓу народите и регионите кадешто црковните водачи – свештенството и мирјаните – одиграле значајна улога во промовирањето и обезбедувањето на образование, општествен развој и меѓуверска соработка.“
Минатиот Божиќ за првпат по 2000 години не се слушнаа камбаните во Мосул.