Обожавателот на Ѕвездени Војни Даниел Флитвуд починал пет дена откако му било овозможено пред време да го гледа најновото продолжение на филмскиот серијал. Неговата сопруга Ешли рекла дека тој починал мирно во својот сон по двогодишна борба со ретката форма на рак на сврзивното ткиво.
„Тој сега е со Бог и со Силата“, напишала Ешли во пост на Фејсбук. „Тој секогаш ќе биде мој идол и мој херој. Те молам гушни го вујко Марк од мене и дај ѝ на Луси многу бакнежи. Почивај во мир, љубов моја.“
Потоа споделила нивна ааедничка фотографија на која и двајцата носат маички „ForceForDaniel“ (СилаЗаДаниле) и открива дека тоа им било последното заедничко селфи.
„СилаЗаДаниел“ стана вирален хаштаг минатата седмица кога илјадници се собраа да му помогнат на Даниел да му се оствари последната желба, да го види новото продолжение на Ѕвездени Војни пред да почине. Во септември на Даниел му било кажано дека има уште два месеци живот. Движењето добило поддршка од Марк Хамил, кој го играл Лук Скајвокер во оригиналната трилогија, како и од новата ѕвезда Џон Бојега.
Минатата среда лично режисерот на „Силата се буди“ го побарал Даниел за да му соопшти дека желбата му е одобрена и истиот ден филмот му бил пуштен во неговиот сопствен дом.
„Денес прекрасните Дизни и Лукасфилмс му го остварија последниот сон, на неверојатниот типичен Дизни начин, тие навистина соништата ги претвораат во реалност!“ пишува Ешли во пост на Фејсбук.
„Даниел дамо што заврши со гледањето на неедитираната верзија на Ѕвездени Војни: Силата се буди! Би сакале да му се заблагодариме на чудесно талентираниот Џ. Џ. Абрамс за тоа што нѐ повика вчера за да ни соопшти дека желбата на Даниел му е одобрена. Би сакала да се заблагодарам на сите неверојатни луѓе кои помогнаа ова да се случи. Својата благодарност не можам да ја изразам со зборови! Силата нека биде со сите вас!“
Даниел со Ѕвездени Војни се запознал преку неговиот татко кога имал осум години, и веднаш се вљубил во универзумот и неговите ликови. Кога „Војна на ѕвездите Епизода 1: Фантомската закана“ за прв пат се појаавил во кината, Даниел решил да кампува во костим од филмот, чекајќи на ред да биде еден од првите кои ќе набават билет. Кога во 2005 година излезе „Одмаздата на Сит“, Дејли Сентинел дури го интервјуирал Даниел пред киното во Џорџија кадешто два дена чекал за да купи билет. Пред две години му бил дијагностициран ракот кој потоа се проширил и на неговите бели дробови.
Во септември годинава, докторите на Даниел му дале уште најмногу два месеци живот и скен од минатата недела открил дека туморите му покривале деведесет отсто од неговите бели дробови. Стравувајќи дека дека ќе го пропушти најавеното најново продолжение, тој упатил молба: „Мислам дека нема да успеам. Ве молам сторете што можете. Помогнете ми.“
#ForceForDaniel набргу станал тренд на интернет и бил забележан од актери кои играле во Ѕвездените Војни како Хамил и Бојека, заедно со Питер Мејхју кој е познат по тоа што го носел костимот на Чубака и Кери Фишер, која ја игра принцезата Леја. Џ.Џ. Абрамс, режисерот на последниот филм пред две години одобрил слична последна желба на обожавател од Љујорк. Смртно болниот бил очан да го гледа „Ѕвездени патеки: Во темнината“ и филммејкерот му дозволил да го гледа неколку дена пред да почине.