Отсекогаш се продавале вештачки пунџи, но кога и мажите почнаа да ја носат косата на овој начин, беше само прашање на време кога ќе се појават такви и за мажи.
На Groupon е постирана шегаџиска понуда за вештачка пунџа за мажи по цена од 9.99 долари, со следната објава: „Оваа машка пунџа која се закачува, и уште поважно, се откачува, ви овозможува да се измешате во вашата средина, да ја ставите кога ќе намирисате кафе или ќе слушнеете банџо, или да ја извадите кога некој ќе го изусти зборот `батка`.
Инаку, интересна е огромната промена во машката мода во последните десеттина-петнаесет години. Отпрвин се почна со розевите тесни кошули, потоа со кубењето на веѓите и депилирањето по телото, а сега и пунџи. Што е следното? Дали мажите се претвораат во гејши?