За кафето постојат најразлични мислења. Некои веруваат дека е здраво и дава енергија, додека други тврдат дека создава зависност и е штетно. Но севкупно земено, повеќето истражувања и научни статии посочуваат дека кафето всушност е здраво.
На пример, тоа се поврзува со намалениот ризик на дијабетес тип 2, заболувања на црниот дроб, Алцхајмер итн. Причината за ова е впечатливо високото количество на антиоксиданси кои ги има во кафето. Всушност, според истражувањата, кафето нѐ снабдува со многу повеќе антиоксиданси од било кој вид на храна.
Кафето е полно со повеќе моќни антиоксиданси
Нашите тела се под постојан напад на реактивни молекули наречени „слободни радикали“. Овие молекули имаат неупарени електрони кои можат да оштетат значајни клеточни структури како белковините и ДНК. Тука настапуааат антиоксидансите. Тие донираат електрони за слободните радикали, и на тој начин ги прават безопасни. За ова се смета дека е заштитен механизам против стареењето и многу болести кои се предизвикани од прекумерен стрес, вклучително и ракот.
Покрај тоа, антиоксидансите можат да имаат и редица други биолошки ефекти се сметаат за многу значајни за севкупното здравје. Интересно е тоа што кафето содржи големи количества на повеќе моќни антиоксиданси како полифенолите, кои помагаат при стресот и спречуваат срцеви заболувања, рак и дијабетес тип 2.
Затоа, доколку вашиот лекар не ви препорачал да не пиете од здравствени причини, слободно испијте 1-2 шолји кафе дневно, научниците се согласуваат дека тоа е добро за нашето здравје.