Го знаете или она мало копче помеѓу женските нозе кое прави жените да се чувствуваат толку добро? Тоа е клиторисот и, фигуративно кажано, тој е сѐ, само не и мал. Всушност, тоа е моќен орган за сексуално задоволство кој доаѓа во пакет со сериозен број на интересни факти.
Дали сте знселе дека 29 отсто од факултетски образованите жени во светот не можат да го лоцираат клиторисот на анатосмки дијаграм, во споредба со само 25 отсто факултетски образованите мажи? 70-80 отсто од жените стигнуваат до оргазам само преку стимулација на клиторисот, па така без овој орган за сексуална стимулација, жените би биле лишени од уживањето во оргазмот.
Поголем е отколку што си мислите
Дали сте знаеле дека Марија Бонапарта – правнуката на Наполеон Бонапарта – хируршки си го преместила клиторисот поблиску до нејзината вагина. Причината е едноставна; како и повеќето жени, и таа не можела да достигне оргазам од вагинален секс, па на тој начин сакала да добие посилна стимулација. Но, за жал, операцијата се покажала неуспешна. Таа не знаела еден факт. Имено, видлива е само една четвртина од клиторисот. Остатокот е скриен во телото, што значи дека органот не може туку така да се отсече и залепи на друго место. Тој се состои од повеќе делови, меѓу кои главичка, тело, кое е скриено под клиторисната капичка или навлака, еректилно ткиво, жлезди и голем број на нервни завршетоци.
Клиторисот продолжува да расте низ целиот живот на жената
После менопаузата, клиторисот може да стане 2,5 пати поголем отколку што бил кога жената била во тинејџерска возраст. Но, жените очигледно не си ги мерат нивните клиториси како што тоа го прават мажите.
Тој е исклучително чувствителен
Клиторисот содржи од 6000-8000 нервни завршетоци, во споредба со 4000-6000 нервни завршетоци во машкиот пенис. Ова го прави клиторисот да биде најчувствителното место во женската ерогена зона. Иако клиторисот е доста мал, сензациите од неговата дразба се шират низ целата карлична област на жената влијаејќи на 15.000 други нервни завршетоци. Поради тоа, клиторисот уште се нарекува и дразница.
Клиторисот навистина е пенис!
Клиторисот се развива од истото ембрионско ткиво од кое се развива и пенисот. За време на развојната фаза (приближно дванаесет недели), хромозомите влијаат во што ќе се развие тоа ткиво. И компонентите се слични како кај пенисот. Има главичка, кожичка (капичка) еректилно ткиво и мало тело.
Таму е само за секс
На женското тело има повеќе супер-жешки ерогени зони, но за повеќето од нив би можело да се каже дека тие случајно се такви. Не и за клиторисот. Тој е таму само за забава. Клиторисот е единствениот телесен дел чијашто функција е единствено сексуално задоволство.
Ако не го користите, го губите
Ако клиторисот не се употребува, тој се повлекува во телото и капичката ќе срасне, што е познато како клиторална атрофија. Исто како и секое друго ткиво во телото, на клиторисот му е потребен доток на крв за да остане здрав и среќен. Така што и да правите – пружете му малку љубов и внимание на вашиот клиторис барем неколку пати во седмицата.
Секој клиторис е различен
Некои се мали, некои големи, некои скриени, а некои доста изразени. Некои се зголемуваат кога се возбудени, други се кријат под капичката. На некои им треба многу притисок, а другите сакаат многу нежен допир. Секој од овие магични љубовни израстоци е уникатен како и жената на кој е прикачен, што е од особена важност, бидејќи кога ќе научите повеќе за клиторисот на вашата љубена, сте дознале нешто интимно и уникатно за неа.