Дали би можеле да живеете без вашиот мобилен телефон? Повеќето го употребуваат телефонот за сѐ – за купување, навигација, организација на времето, фотографирање, слушање музика – за што ли не. Еве неколку гласини и митови за паметните телефони коишто дефинитивно не се точни.

1. Затворањето на апликации го продолжува животот на батеријата

tl01

Изгледа дека тоа не е баш така. Сето тоа затворање на апликациите всушност може уште повеќе да ја троши вашата батерија, бидејќи вашиот телефон мора да изврши многу повеќе работа за пак да ги наполни сите тие информации секогаш кога ќе затворите некоја програма.

2. Вклучувањето на авионскиот режим го продолжува траењето на батеријата

tl02

Секако, ќе ви заштеди малку од батеријата, но не толку колку што би се надевале. Според направените тестови, најмногу што би можело да ви заштеди авионскиот режим е уште половина час.

3. Можете да го употребувате само полначот кој сте го добиле заедно со вашиот телефон

 

tl03

Иако од повеќе причини не би требало да употребувате некој евтин полнач, технички гледано било кој полнач би можел да го наполни вашиот телефон.

4. Телефонската камера со голем број мегапиксели прави подобри фотографии

 

tl04

Не е количеството на мегапиксели тоа што придонесува за правењето на висококвалитетни слики. Големината на мегапискелите е тоа што се важи.

5. Пред да ја ставите батеријата да се полни, треба целосно да ја испразните

tl05

Бидејќи паметните телефони сега користат литиум-јонски батерии, сосема е во ред да го полните вашиот телефон кога и да посакате, без да се грижите дека тоа долгорочно гледено ќе ја уништи батеријата на вашиот телефон.

6. Ставете го вашиот телефон во фрижидер за подолго да ви трае батеријата

tl06

Немојте да го правите ова. Оптималната температура за функционирање на телефонот се движи од 1.6 до 32ºC, па така изложувањето на вашиот телефон на температури повисоки или пониски од тоа ќе ѝ наштети на батеријата и може да предизвика сериозни проблеми.

7. Не би требало да го полните телефонот ноќе

 

tl07

Да го вклучите телефонот и да го оставите осум часа на полнач е сосема во ред ако употребувате добар полнач. Тоа во ниеден поглед нема да му наштети на вашиот телефон.

Сподели на Facebook
пати видено