Невозможниот мотор без гориво, кој би можел да ги однесе луѓето на Марс во времетраење од само десет недели сѐ уште се спротивставува на сѐ што до сега е познато во науката по уште една група тестови на НАСА кои сугерираат дека моторот сепак функционира.

Таканаречениот EM Drive создава потисок со помош на микробранови кои се одбиваат во затворена комора и користи исклучиво сончева енергија.

mt01

Кога концептот за првпат бил предложен, се сметал за невозможен бидејќи одел против сите закони на физиката, но последователните тестови на моторот покажале дека идејата би можела да го револуционаризира патувањето во вселената. Сега кога НАСА после месеци изврши повторни тестови, според нив излегува дека футуристичката машина сепак работи.

mt02

Научниците сепак сѐ уште не знаат зошто. Новите информации се соопштени од Пол Марч, еден од врвните инженери кои работат на EM Drive во лабораторијата Иглворкс при вселенскиот центар Џонсон во Тексас. Тој жака дека НАСА успеа да отстрани некои од грешките од поранешните тестови – но сепак има сигнали на необјаснив потисок.

mt03

Поранешните експерименти беа критикувани поради тоа што тестовите не биле изведени во вакуум, и со тоа да се пресликаат условите во вселената. Но, се чини дека последните тестови на НАСА обрнале внимание на овие замерки. Објавата на Марч е првата директна објава со месеци, при што вселенската агенција главно молчеше за било какви развитија на контроверзниот проект. Марч постираше на форумот Вселенски летови на НАСА во одговор на необјавена научна статија која тврди дека непознатиот потисок е генериран од нешто познато како Лоренцова сила – комбинација на електрични и магнетни сили на точкест полнеж предизвикани од електромагнетните полиња. Но, Марч вели дека неговите тестови докажуваат дека ова не е вистина.

„Ќе ви кажам дека првиот пат кога изградивме и инсталиравме втора генерација, ги редуциравме магнетните влијание барем за една магнитуда и било какви интеракции на Лоренцова сила, а сепак аномалните потисочни сигнали остануваат.“

mt04

Марч вели дека во последните развојни решенија е земено предвид и топлинското ширење на моторот за да се намалат сите можни извори на грешка. И покрај сѐ, сепак се јавува придвижување и инженерите не можат да објаснат што е тоа што го предизвикува. Доколку ова стане функционално применливо, погонскиот систем EM Drive би можел да дозволи патувања со брзини кои до сега биле познати единствено во научната фантастика што ќе отвори нови хоризонти во вселенските истражувања. На почетокот на оваа година и германски научници го поткрепија тврдењето на НАСА дека моторот би можел да проработи, и покрај тоа што ова се коси со сѐ што до сега во физиката се знае како научно потврден факт.

mt05 mt06

Сподели на Facebook
пати видено