15-годишната Хана Хербст сака да ја донесе обновливата енергија во земјите во развој и е многу бликсу до тоа. Тинејџерката од Бока Ратон, Флорида, била инспирирана од 9=годишната пријателка од Етиопија со која се допишувале, а којашто имала ограничен пристап до електрична енергија. За „Бизнис Инсајдер“ таа изјавила: „Не можам да замислам ниту еден ден без електрична енергија.“

За овогодинешниот конкурс за млади научници на Дисковери, Хана работела неумерно дда дизајнира сонда којашто ќе генерира енергија и свежа вода од океанските струи. Неодамна дизајнираната енергетска сонда е направена од рециклирани материјали и чини само 12 долари. Се состои од 3D испечатен пропелер, поврзан преку пластична цевка со хидроелектричен генератор кој механичките движења во океанот ги претвора во употреблив електрицитет.

hm01

Кога Хербст го тестирала уредот во Бока Ратон, на брегот на Атлантскиот Океан, успеала да добие енергија доволно колку да запали неколку LED светилки.

Кога дизајнот би се развил во поголем размер, според нејзините пресметки би можело да се произведе доволно количество енергија за да се напојат три автомобилски акумулатори за помалку од еден час. Тоа е доволно енергија да се напојат пумпи за обессолување на солената морска вода и на тој начин да се оезбеди извор на слатка вода за пиење за земјите во развој, а покрај изумот би можелда напојува и крвни центрифуги за медицинска намена, или крајбрежни светилници за навигација на бродовите.

hm02

Со овој дизајн Хана ја освоила наградата „Врвни американски млади научници“ и 25.000 долари на натпреварот при 3М иновацискиот центар во Св. Павле, Минесота.

hm03

Нејзин менотр за проектот бил научникот на 3М, Џефри Емсландер, чиешто истражување ѝ помогна на компанијата да ги намали испуштањата на штетни гасови и да ги произведува своите производи со помалку енергија.

hm04

Инспиративната млада тинејџерка има намера да подари дел од освоените средства на пријателчето од Етиопија, а дел ќе донира за изградба на нова зграда во нејзиното училиште. Остатоот ќе го чува за да го финансира своето студирање. Таа планира да продолжи да соработува со нејзиниот ментор за да го подобри својот дизајн, за на крај истиот да може да се примени во земјите во развој. Кога дизајнот ќе биде финализиран, таа планира да го постави како „слободен извор“ за да им биде бесплатно достапен на неразвиените заедници.

Сподели на Facebook
пати видено