Дали понекогаш се чувстувате заробени – со погрешна работа, погрешен партнер или погрешен живот? Чувството на заглавеност е често кај луѓето. Има повеќе начини како да се ослободите, а коишто не изискуваат некаква радикална промена. Од вас само се бара да го отворите својот ум.

rut

1. Кажете „да“ на она што отпрвин ви доаѓа да кажете „не“: Наместо да се повлекувате во вашата зона на удобност, зграпчете ја можноста да направите нешто ново, како да запознаете нови пријатели или да започнете со нов проект на работа.

2. Исфрлете го изразот „Јас не можам“ од вашиот речник: дефетистичките мисли наметнуваат заблуди, рефлекси на избегнување и лаги кои си ги кажуваме самите себеси.

3. Исклучете го инстинктот за избегнување: Можеби тоа е наше еволутивно наследство, да се ги избегнуваме непознатите ситуации, но тоа е застарено. Прифатете ја несигурноста. Тоа е знак дека се ослободуваме од стегните на рутината.

4. Прекинете ја вашата рутина: Рутината често оди рака под рака со чувството на заглавеност. Дали секогаш одите на исто место на одмор? Дали за викенд секогаш одите на истото место со истите луѓе? Време е за промена.

5. Променете ја вашата гардероба: Истражувањата покажуваат дека нашата облека го обликува начинот на кој се чувствуваме. Забележете ја промената која ја чувствувате кога сте облечени во нешто што не личи на вас. Тоа може да ви помогне да бидете послободоумни и отворени, како и повеќе привлечни.

Со применување на само една од овие стратегии, си давате храброст и можност да се ослободите и во друг поглед.

Сподели на Facebook
пати видено