Ова е моментот кога возачот на LaFerari, еден од најскапите автомобили во светот, направил судир додека возел низ прометна улица. Несреќата се случила во унгарскиот главен град Будимпешта и била снимена на видео од учесник во сообраќајот кој возел веднаш зад реткиот автомобил. Се чинело дека сѐ е во најдобар ред, додека возачот на брзиот автомобил не згазнал на педалата за гас и поради тоа возилото излегло од предвидената патека.
Не можејќи да го контролира возилото – хибрид со 950 коњски сили коешто може да развие 100 километри на час за само три секунди – човекот излетал од пат удирајќи во колите кои биле паркирани од страна. Никој не бил повреден во несреќата, но возачот со сигурност ќе се соочи со висока сметка за поправка. Ферари бил направил само 499 ЛаФерари автомобили, за коишто се вели дека чинат близу 1,4 милиони евра. Биле пуштени во оптег минатата година.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!