Три пати беше крунисан како најголемиот фудбалер на плаентата, дома носи годишна заработувачка од 70 милиони евра и се забавува со врни манекенки. Но, сега нов документарен филм ги истакнува цврстите ставови на Кристијано Роналдо кога станува збор за родителството и за тоа дека на неговиот син, роден од мистериозна жена, не му треба мајка во животот.

ro01

Филмот „Роналдо“ чиешто прикажување е закажано за 9. ноември, нуди изненадувачки увид во силната желба на португалскиот фудбалер да биде татко, како и врз неговата ранливост која доаѓа од прекинатиот однос со неговиот татко алкохоличар.

ro02

Неговиот син се родил во облак од мистерија во 2010 година, кога Роналдо објавил дека станал татко и дека бил постигнат договор тој да има ексклузивно старателство врз детето. Идентитетот на неговата мајка, според договорот, ќе остане непознат. Изјавата од тоа време гласи:

„Како што се договоривме со мајката на бебето, којашто претпочита нејзиниот идентитет да остане таен, мојот син ќе биде под мое ексклузивно старателство.“

ro03

Иако тој сѐ уште одбива да го открие идентитетот на мајката на неговиот син во документарниот филм, тој проговара за гласините дека употребил сурогат мајка, кои што со години се ширеле.

„Луѓето шпекулираат дека сум бил со оваа или со онаа девојка, или дека имало сурогат мајка. Никогаш не сум кажал никому и никогаш нема да кажам. Кога Кристијано ќе порасне,ќему кажам што сум сторил, што сум почувствувал, сѐ што ми минало низ умот. Некои деца никогаш не ги запознаваат своите родители, ниту мајката ниту таткото. Да се има татко е доволно.“

Документарниот филм содржи многу кадри со таткото и синот заедно. Роналдо е снимен како вежба склекови со синот на неговиот грб, или двајцата лежат во кревет и Кристијано на својот татко му открива дека сака да стане голман. „Голман? Се шегуваш ли?

ro04

Во друга сцена Роналдо се расплакува кога фудбалерските обврски го разделуваат од синот. Неговата силна желба да биде добар и грижлив татко потекнуваат од нарушениот однос со неговиот татко Динис, кој како алкохоличар умрел пред десет години, кога Роналдо имал дваесет години.

„Ако ме прашате зошто татко ми стана алкохоличар,не знам, можеби бил фрустриран од својот живот. Сакав друг татко кој би бил поприсутен и би ги видел моите достигнувања.“

Авторите на филмот одговорни за проектот се истите тие кои се прославија со нивните документарни филмови на бразилската легенда на Формула 1, Аиртон Сена и пеачката Еми Вајнхаус.

     ro06 ro07

Сподели на Facebook
пати видено