Од вежбањето во гимнастичката сала до шетањето на нејзиното куче, овие впечатливи црно-бели слики нудат интимен поглед во животот на една порно ѕвезда откако камерата ќе престане да снима. Фотографот Катја Репина за првпат се запознала со 23-тодишната порно актерка Марта за време на снимање на порно филм во село во близината на Барселона, пред три години.

Репина почнала да работи на проект поврзан со индустријата како целина, но погодена од искрената и отворена природа на Марта, се спријателила со актерката и подоцна фокусот го преместила на нејзината работа. Резултатот е фото серијата, наречен Llámame Marta, или викај ме Марта, е впечатлив со својата искреност и чувствителност. Ги доловува секојдневните мигови во приватниот и професионалниот живот на Марта во текот на две години.

pr01

Марта нанесува шминка. На 23 години Марта решила да влезе во порно индустријата. „Забележав дека момците постојано зјапаа во мене“, објаснува таа. „Ако можев да ги возбудам без да се трудам, што би се случило ако се потрудам малку?“

pr02

Пред да стане дел од индустријата, Марта немала партнер но копнеела по врска. Иако во текот на својата работа таа е опкружена со мажи, својот личен живот најчесто го минува сама. Во индустријата била повеќе од половина година кога го сретнала своето бившо момче.

pr03

Марта со нејзиното бившо момче, боди билдер од Украина со кого живеела една година.

pr04

„Овој проект не во врска со сексот“, вели авторката на фотографиите. „Се работи за човечкото суштество, за личноста зад работата. Тоа е работа како и секоја друга. Ова е за личноста, за таа девојка.“

Сликите го документираат животот на Марта како што таа го пробива својот пат во порно-индустријата. На една слика актерката нанесува шминка огледувајќи се во огледало во тоалет непосредно пред снимање. Во друга, таа шета низ улицата со своето куче. Некои од сликите сепак ја прикажуваат Марта за време на снимањето – во замрзната поза, чекајќи го упатството на режисерот.

„На снимањата таа се чувствува многу удобно“, вели фотографот. „Но беше потребно време да ме пушти во својот приватен живот. Ми беше потешко и поинтересно да дознаам која е таа, од каде доаѓа. Вообичаено за луѓето во порното мислите дека доаѓаат од растурени семејства, со татко кој е алкохоличар, но тоа не е така со неа. Не е таа приказна којашто ја гледате во филмот.“

Марта објаснува дека светот на порнографијата е многу различен од тоа што го замислувала. „Морам да ги разграничам порното и мојот приватен живот, бидејќи можам да бидам многу агресивна и злобна за време на снимањето…но во личниот живот, јас сум скромна, не сум примадона.“

pr05

Марта снима сцена. Првично планирала да работи само една година во индустријата.

pr06

Секогаш ја имам салата…Луѓето доаѓаат и си одат од мојот живот, освен моето семејство и една рака доживотни пријатели и салата, мојот стил на живот.“ Кога била помлада, Марта се натпреварувала и победила на неколку натпревари во женски боди билдинг. Таа сѐ уште тренира редовно за натпреварите, надевајќи се дека еден ден пак ќе почне да се натпреварува, но смета дека сѐ уште не е подготвена.

Како што се развивала нивната врска, Репина била поканета да се запознае со нејзините пријатели, на роденденските прослави и ја запознала со семејството. Откако Марта им кажала на нејзините родители за нејзиниот избор на кариера, тие престанале да ѝ зборуваат еден месец. Репина вели: „Тоа било шок. Но подоцна нивниот став бил – не ни се допаѓа, не го прифаќаме тоа, но сепак те сакаме.“ Потоа се помириле и живеат блиску едни до други.

Стабилниот личен живот на тоа противречи на повеќето општо прифатени претстави за порно актерките. Таа почнала да се занимава со порно откако поминала долги години натпреварувајќи се како боди билдерка.

„Била во добра форма, но не се чувствувала многу женствена. Па така направила операција на градите и почнала да забележува дека мажите постојано ја препознаваат.“

pr07

Момчето на марта ја прифатило нејзината работа како дел од нејзиниот живот, но имал потешкотии во справувањето со тоа. Ги гледал нејзините видеа, и гледал постови и слики со неа на социјалните медиуми. Марта признава дека таа лично не би се забавувала со никого од порно индустриајата – и го признава парадоксот во тоа да бара од нејзиното момче да ја прифати нејзината работа.

pr08

Марта ја разграничува својата јавна личност на Марта, порно актерката, и Марта, нормалната девојка.

pr09

Штом почнала со индустријата, Марта го објаснила својот избор на нејзините пријатели. Таа вели дека тие никогаш нема да разберат и да приатат, но дека секогаш ќе бидат зад неа. „Тие ме сакаат и се најголемото нешто што го имам“, вели таа.

Си помислила, „Го сакам сексот, би можела да пробам.“ Мислела дека ќе проба една година, ќе заработи многу пари и ќе почне да работи нешто друго. Но актерките веќе не се толку платени како порано. Веќе три години како се занимава со тоа, Марта сега може да поставува граници и да бира што ќе прави, а што нема да прави на филм. Токму тоа чувство на контрола било тоа што ја привлекло Репина кон актерката.

„Беше многу отворена, природна и искрена“, вели Репина. „Беше многу директна. Многу луѓе од индустријата сакаат да бидат сакани за да можат да снимаат, но таа не е таква. Многу е привлечно кога луѓето се искрени. Таа чувствува дека има контрола. Мислам дека не е обврзана да прави било што. Таа контролира со кого работи и што прави. Другите девојки се лесни за манипулирање, бидејќи се многу млади, не знаат каде се наоѓаат и кои се нивните можности. Таа не беше таква.“

pr10

Иако сликите на Марта со нејзиното тогашно момче остануваат дел од серијата објавена на интернет, Репина била присилена да ги отстрани сликите со актерката и нејзиното семјество откако биле сликани и печатени без одобрение.

„Викај ме Марта“ за првпат биле објавени пред две годни како дел од мултимедијален проект. Дел од серијата е сѐ уште достапна на интернет.

Сподели на Facebook
пати видено