Малку од животните во зоолошките градини се навистина загрозен вид; останатите се изложуваат за забава на луѓето. Серијата „Заробеници“ на Гасон Лакомб цели да го покаже токму тоа. Иако првичната намера зад основањето на зоолошката градина како институција можеби била благородна, тие на крајот станале повќе како колекции на автомобили, наместо напор за зачувување на животните.
Како што истакнуваат од ПЕТА, организација за права на животните, дивите животни во заробеништво поголемиот дел од своето време го минуваат чекорејќи во круг, нишајќи ги или вртејќи ги нивните глави и покажувајќи и други знаци на психолошка вознемиреност.“ Очигледно, на животните секогаш најдобро ќе им оди во дивината, да скитаат слободно во нивната природна средина, наместо да живеат во ефтино украсени и вештачки осветлени простори за живеење.
Дури и аргументот дека станува збор за конзервација често не држи вода. Само неколку животински видови во заробенништво се од загрозен вид, а зоолошките градини ги изложуваат егзотичните видови за да ја восхитат јавноста. Ова можеби е забавно за луѓето, но на животните не им носи никаква полза. Многу животни во зоолошките градини имаат пократок животен век од тие во дивината. Жак Кусто, пинерот во конзервацијата на морскиот див свет ендаш напишал:
Во проучувањето на делфини во заробешиштво има толку образовни придобивки колку што би имале кога би го проучувале човештвото само со набљудувањето на затвореници во самица.
Токму тоа сакал да го изрази и фотографот Гастон Лакомб, кога ја снимил својата фото серија „Заробеници“. Сликите кои следуваат ги покажуваат условите во кои многу животни живеат секој ден, разделени од нивната природна средина од којашто потекнуваат.