67-годишниот Дејвид Бенсон сфатил дека може да го модифицира својот кајак за во него да смести куче, откако видел како неговото куче Сузи може лесно да го смести во багажникот. Кога Бенсон и неговата сопруга го набавиле второто куче Џинџер, тие знаеле што треба да направат.
„Кога ја зедовме Џинџер, само направив уште една дупка“, раскажува Бенсон. „Тоа е како троен кајак, само што нема доволно место за другите веслачи да ги испружат нозете – но за куче е совршено. И никогаш немаат скокнато во водата.“