Фудбалски наививач повеќе од десет години спие на улиците на Милано откако се загубил по крајот на натпревар. Седумдесет и едногодишниот швајцарски пензионер Ролф Бантле отпатувал во Италија да го гледа натпреварот на својот тим ФК Базел против Интер Милан во 2004 година. Но, по одењето во тоаелт на стадионот, изгубил ориентација и не можел да ги најде своите пријатели.

fn01

Во Милано останал повеќе од една деценија бидејќи „немал обврски“ и „уживал во слободата“ да живее на улица, како што изјавил за швајцарскиот весник Швајц ам Сонтаг. Бил вратен дома откако паднал и ја скршил бутната коска, и болничките работници забележале дека нема здравствено осигурување, по што контактирале со швајцарскиот конзулат.

Г-н Бантле, кој живеел во зграда во Лауфелфинген во Базел, тргнал на еднодневно патување да го гледа натпреварот Базел-Интер Милан на стадионот Сан Сиро на 24. август, 2004 година. Но, по крајот на играта за квалификации во Шампионската лига, при што неговиот тим бил поразен со 4-1, тој бил прогласен за исчезнат.

fn03

Тој раскажува: „Наеднаш се најдов во друг сектор. Имав околу 20 евра во џебот и немав телефон, па така скитав низ Милано. Луѓето ми даваа јадење и цигари, а еден студент ми понуди вреќа за спиење.“

fn02

Се туширал еднаш неделно во јавна бања и често ја посетувал локалната библиотека. Немал роднии и дотогаш живеел во центар за рехабилитација поради проблем со пиењето. „Повеќе немав никаква причина да се враќам дома. Уживав во слободата која ја имав во Милано.“ Сега се лекува во болница во Базел и живее во државен дом за пензионери. „Ми се допаѓа овде“, споделува Ролф. „Десет години беа доволно и сега се чувствувам добро таму кадешто сум.“

Сподели на Facebook
пати видено