ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: СЛЕДУВА СОДРЖИНА КОЈА МОЖЕ ДА ВЕ ВОЗНЕМИРИ

На интернет се појави шокантно видео со моментот кога бомбаш самоубиец на ИСИС се разнел себеси на половина кога неговиот експлозив детонирал прерано, но по експлозијата бил сѐ уште жив.

Снимката од инцидентот покажува ако изговара неколку зборови и ја придвижува главата – и покрај тоа што му недостасува долната половина на телото. Инцидентот се случил при неуспешен бомбашки напад врз позициите на хутските бунтовници во Јемен.

bmb01

Земјата се наоѓа во жестока граѓанска војна како што Хути милитантите поддржани од Иран се борат против силите лојални на претседателот Абд Рабух Мансур Хади. Хади во моментот се наоѓа во Саудиска Арабија, којашто отпочна со воздушни напади на позициите на бунтовниците во обид да се одбијат шиитските бунтовници.

Но, конфликтот е дополнително усложнет со вклучувањето на група на Ал Каеда како и на огранок на ИСИС коишто ја презеле одговорноста за повеќе бомбашки напади. Снимката со распарчениот бомбаш самоубиец на ИСИС, но кој сѐ уште бил во состојба да зборува, била снимена од минувач во градот Аден во кој спротивставените сили водат жестоки борби. Долниот дел од неговото тело не може да се види во краткиот клип, но и покрај тоа тој успева да ја придвижи главата и да изговори неколку неразбирливи зборови, на што еден од присутните вели: „Тој е сѐ уште жив. Нема шанси. Не може да преживее.“

Во меѓувреме, претставници на јеменските безбедносни сили велат дека борбите против шиитските бунтовници во изминатите 24 часа однеле 33 жртви во Таиз, третиот град по големина во земјата. Според податоци на Обединетите Нации, од започнувањето на воздушните напади против Хутите во март до сега загинале најмалку 2615 цивили.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено