Овие живописни куќи се отпорни на куршуми и пожар и можат да издржат земјотрес. Исто така создаваат и пријатна температура, не испуштаат јаглерод диоксид, а со енергија се здобиваат од соларни панели и од метан од рециклиран отпад.
Пластиката ја има насекаде. Всушност, околината е толку преплавена со неа, што истражувачите сметаат дека до 2050 година сите птици на планетава ќе имаат по нешто пластично во нивниот стомак. Не е доволно да се убедат луѓето да употребуваат помалку пластика во секојдневието, туку и веќе постоечката пластика треба да се пренамени, повторно да се употреби и да се држи далеку од депониите. И покрај информативните инфографици и потресните статистики и програмите за рециклирање, многу земји, особено САД, продолжуваат да ја фрлаат пластиката во депониите без многу да водат сметка.
Оваа несреќна реалност поттикнало многумина да бидат креативни со фрлените нус-производи на општеството. Некои го употребуваат пластичниот отпад за изработка на чудесни скулптури и да ја кренат свеста за ова прашање, додека други целосно ја пренаменуваат за да изградат еко-куќи.
Со оглед на тоа дека кризата за вдомување во Нигерија е толку лоша, близу 16 милиони луѓе треба да се згрижат по однос на овој недостаток. Бидејќи градењето на традиционални домови би било премногу скапо, жителите ја усвоиле идејата предложена од некои невладини организации и сега си градат куќи од пластични шишиња.
Ова решение не само што ги намалува трошоците за изградба на куќа, туку може да биде полезно и за животната средина.
Овој проект во изведба на невладини организации од Нигерија и Англија решава два големи проблеми – решавањето на станбеното прашање за многу бездомници и помага за животната средина. Новите куќи целосно се напојуваат со помош на сончева енергија и со метански гас од човечки и животински измет.
За да се изгради куќа од шишиња со две спални, работниците ги полнат пластичните шишиња со песок и пот ги лепат заедно со помош на кал и цимент. Ова образува цврст ѕид кој е отпорен на куршуми, пожар и земјотреси.
Овие градби можат да се кренат до три ката, но не повисоко од тоа, поради тежината на шишињата полни со песок.И се разбира, разноликоста на рециклираните шишиња на секоја куќа ѝ дава уникатен и весел изглед. За да се заврши една куќа со две спални соби, потребни се 14.000 шишиња. Во споредба со тоа, Нигерија фрла три милиони шишиња дневно. Очигледно ќе има доволно шишиња за секој да добие покрив над главата.