Драматичната трансформација на Хајди Клум во секси заоблената Џесика Рабит викендов ги вџаши гостите на овогодинешната Хелоуин забава во Њујорк. Но, 42-годишната домаќинка на шоуто „Проект Писта“ покажа дека таквата огромна преобразба не доаѓа без сериозен напор зад сцената.
Во серија слики постирани на Инстаграм, Клум открива дека поминала полни девет часа преобразувајќи се себеси во сензационалниот лик од цртаниот филм.
Колекцијата фотографии покажува како тимот од специјалисти напорно додавале слој по слој дополнувања на лицето и телото за совршено да ја пресоздадат фигурата на Џесика рабит. Првин ѝ било додадена гумена маска, со додадени поголеми јаболчници и огромни очни капаци. Нејзината коса исто така била покриена за заштитниот знак на Џесика, огнено црвената коса, совршено да легне на нејзината глава.
Потоа ѝ биле додадени и вметнувања во градите и колковите за да се добие фигурата на песочен часовник. Погледнете го целиот процес.