Славник на ергенска забава не можел да си поверува на очите кога се разбудил и видел пар очила за сонце истетовирани на неговото лице. Кога утрото се погледнал во огледало, помислил дека пријателите му нацртале очила со фломастер. Но, кога се обидел да го измие нацртаното, сфатил дека е постојана тетоважа, а дури му напишале и „Рејбан“ на кожата. Човекот, кој е во неговите педесетти оттогаш поминал две години во ласерско отстранување на тетовираните очила од неговото лице.

tt01 tt02

Уште пострашно за него било сознанието дека самиот си го барал тоа. Имено, тетоважата ја добил како последица на пијан предизвик.

„Не се сеќавав како ја добив тетоважата бидејќи бев на прослава и тоа се случило кога бев многу пијан. Кога се разбудив утрото, мислев дека некој употребил перманентен фломастер на моето лице. Кога првпат се вратив дома, се разбира сите зјапаа во мене, но потоа некако се навикнав на тетоважата и решив да не ја отстранувам.“

tt03

Но подоцна, друга вечер кога излегол со пријателите, некој му се потсмевал поради тетоважата во еден паб. „Следното утро навистина почнав да размислувам за моето семејство и пријателите. Не сакав да тие да се чувствуваат засрамено кога се со мене, па тогаш решив да се отстрани.“

Човекот пошол во 1192 клиниката естетска хирургија а во Свенси, Јужен Велс, за да му ја отстранат тетоважата. По третманот му останале модринки, но се очекува со текот на времето тие сосема да исчезнат од неговото лице.

tt04 tt05

Донали Алфорд, сопственичката на клиниката, вели дека тоа е една од најлошите грешки со тетоважи кои ги видела, бидејќи му ја нацртале на лицето. Човекот раскажуваЧ „Кога првпат ја сретнав Донали, бев јасен дека не сум сигурен дека сакам да биде отстранета тетоважата. Сум видел некои хорор приказни и некои пријатели имаат лузни на местото кадешто им била тетоважата. Ако постоеше можност да ми останат лузни, во никој случај немаше да ја отстранам.“

Тој се подложил на шест третмани за тетоважата повеќе да не се гледа со голо око. „Сѐ што можам да кажам е дека целиот процес беше неверојатен“, додава тој. „Нема лузни, и кога ќе наминеа пријателите кои не ме беа виделе со месеци, забележуваа дека нешто е различно. Кога ќе се сетат дека ја нема тетоважата, се шокираат од тоа колку добро поминал третманот.“

Сподели на Facebook
пати видено