На почетокот на годинава, нова компанија којашто имала план да дизајнира мотоциклистички шлем успеала да собере 2,446,824 долари донирани од 1940 луѓе за два месеци на вебсајтот Indiegogo.
Потоа компанијата SKULLY успеала да обезбеди уште 11 милиони долари, благодарение на инвеститори од Walden Riverwood Ventures, Intel Capital Formation 8, Techstars, и Western Technology Investments.
Големата идеја која толку ги возбудила сите е мотоциклистичкиот заштитен шлем SKULLY кој на возачите им пружа глетка на нивната околина благодарение на екраните сместени во внатрешноста на шлемот. Со ова возачот не мора да гледа во ретровизорот и да ги трга очите од патот.
„Во производството на шлемот има голем број на издатоци. Фондовите од овие донации ќе помогнат SKULLY да мине низ првите чекори на производство и ќе го забрзаат развој на нашата технологија“, вели основачот и главен извршен директор на SKULLY, Маркус Велер.
Се известува дека цената за овој уред ќе се движи од 1500 до 3000 долари, но многу возачи велат дека дополнителната безбедност ја заслужува цената.