Американска традиција е децата да се маскираат во страшни костими и да одат од врата на врата да собираат бонбончиња, чиколатца и други слатки работи. Момциве направија финта со која ги сменија улогите на маскираните и домаќините. Си носеа врата од куќа на куќа за луѓето да им чукаат на врата, за кога ќе ја отворат да им дадат бонбончиња и комплименти за „костимите“.