Овие двајца мажи не се браќа. Во четврток вечерта за време на летот од Лондон до Галвеј, 32-годишниот Нил Даглас се запрепастил кога видел дека на неговото седиште седел човек кој изгледал исто како него. Неговиот двојник, 35-годишниот Стирлинг се поместил за да му направи место.
„Го замолив да се помести и кога човекот погледна кон мене, си помислив – Жити сѐ! Овој изгледа исто како мене“, раскажува Даглас. Подоцна се пријавив во мојот хотел во Галвеј, и дознав дека мојот двојник се сместил во истиот хотел како и јас. На крајот почнавме да се дружиме и многу луѓе истакнуваа дека многу си лииме.“