Во минатото со животните кои ќе изгубеле еден или повеќе од своите екстремитети било свршено. Сега, благодарение на технологијата и некои добри луѓе, на животни со различна големина им е дадена втора шанса благодарение на протезите.

1. Мачорот Оскар

zivotni01

На двегодишниот Оскар му биле ставени две задни нозе откако неговите му ги отсекол комбајн, и сега повторно води активен живот.

2. Коњот Мачо

zivotni02

Овој коњ бил најден покрај еден пат во Индија, осакатен и изгладнет. Ветеринарите му ја ампутирале ногата и му вградиле протеза благодарение на која Мачо повторно се чувствува жив и здрав, безбеден и подвижен.

3. Слоницата Мотала

zivotni03

Во 1999 година, Мотала ја снашло трагедија додека скитала во шумата; стапнала на нагазна мина поставена за време на Бурманско-тајландската војна, по што ногата морала да ѝ биде ампутирана. Во 2009 година конечно била достапна технологијата со која на Мотала можело да ѝ се вгради постојана протеза и да може да застане на нозе.

4. Жеравот Банкер

zivotni04

Кога ногата на Банкер била погодена од топче на игралиште за голф, била целосно уништена. Ногата му била ампутирана од страна на ветеринарите и му била наместена привремена протеза којашто го дразнела Банкер. Подоцна, од страна на компанија од Денвер му била набавена постојана протеза, благодарение на која повторно може да одржува рамнотежа на двете нозе.

5. Желката Ју Чан

zivotni05

За повеќето животни да се заглават во рибарска мрежа значи смртна пресуда, но на Ју Чан тоа ѝ го спасило животот. Кога била извадена од морето, било увидено дека ѝ недостасува половина од едната перка и третина од другата како последица на напад од ајкула. Благодарение на вештачките перки дизајнирани од Кавамура Гиши, таа си плива среќно во аква паркот Сума во Јапонија.

6. Ламата Трипод

zivotni06

Шери Хјуз и Марк Филд го забележале Трипод како куца околу нивниот ранч во Денвер. Неговата задна нога морала да биде ампутирана по што му наместиле протеза.

7. Делфинот Фуџи

zivotni07

Фуџи заболел од мистериозна болест која резултирала со ампутација на добар дел од опашката. Иако оваа женка делфин сѐ уште можела да плива, луѓето кои се грижеле за неа сметале дека ќе има поисполнет живот ако има „нормален“ опаш како и другите делфини. Наскоро триесет и четиригодишниот цицач се здобил со опаш од ист материјал од кој се прават гумите за Формула 1.

8. Гологлавиот орел Убавка

zivotni08

Убавка била спасена од сигурна смрт откако била застрелана од ловокрадци. Загубила половина од клунот, поради што не можела ни да јаде, ни да пие, ни да се чисти себеси. Нејзината спасителка Џејн Финк Кантвел се погрижила да ѝ се испечати клун во 3D технологија. После неколку обиди, Убавка најпосле можела да живее како нормален орел.

9. Желката Септимус

zivotni09

Септимус бил во толку длабок зимски сон што не почувствувал дека стаорците му ги изгризале предните нозе. Кога Дарен Странд го нашол под неговиот трем, го однел на ветеринар кој установил дека тоа што останало од неговите предни нозе било инфестирано со црви, по што му претстоело или еутаназија или ампутација. Животот на желката бил спасен така што ѝ биле вградени тркалца од модел на авион. Кога се навикнал на нив, Септимус станал најбрзата желка во градот!

10. Телето Медоу

zivotni10

Ненси Дикинсон го нашла Медоу со тешки смрзнатини на задните нозе и ушите. Потрошила илјаднизи долари за да му обезбеди протези за задните нозе. Државниот ветеринар д-р Роберт Калан не можел да ѝ се изначуди, бидејќи никогаш не слушнал да се спасуваат крава или теле, со оглед на тоа што тие и така служат за храна. За среќа, Медоу никогаш нема да заврши во чинија, бидејќи сега во неговото ново семејство е сметан за полноправен член.

11. Џуџестото магаре Ема

zivotni11

Десната задна на Ема ѝ била ампутирана веднаш по нејзиното раѓање поради деформитет кој спречувал да ѝ се рашири копитото. Тим од ветеринари ѝ изработил протеза, и сега малото магаренце може да трча и клоца како и сите нејзини врсници.

12. Кучето Накио

zivotni12

Накио бил само кутре кога бил најден напуштен во визба за време на една сурова зима во Небраска. Неговата опашка и четирите нозе биле смрзнати и страдал од бројни други здравствени проблеми. Кога бил спасен, морале да му ги ампутираат сите нозе како и дел од опашката и носот. Неговиот нов сопственик, ветеринарот Кристи Пејс собрала пари за да му се набават протези за задните нозе од компанијата Ортопедс. Кога компанијата разбрала за случајот, го покрила трошокот и за предните нозе, по што Накио конечно можел да се врати во нормален живот.

13. Свињата Крис П. Бејкон

zivotni13

Крис П. била родена без задни нозе, па така нејзиниот сопственик Лен Лукеро на прасето му наместил тркалца од играчка. Ова брзо го направило Јутјуб ѕвезда и сега Крис е чест посетител во детските болници како разведрување и инспирација.

14. Понито Моли

zivotni14

Откако Моли била нападната од куче, многу ветеринари сметале дека со неа е свршено. Нејзината предна нога била унаказена и инфицирана и се чинело дека единственото решение е усмртување. Но кога хирургот Растин Мур забележал колку понито е внимателно со повредата, решил да му даде уште една шанса, по што ова тврдоглаво пони во Њу Орлеанс станало симбол за решителноста и надежта.

15. Паторот Дадли

zivotni15

Дадли бил само пате кога бил нападнат од агресивни кокошки и ја загубил едната нога. Се уште можел да плива, но имал големи проблеми на суво. Инженерот Теренс Лоринг решил да му помогне на паторот, така што во 3D печатарската компанија Proto3000 му изработиле вештачка нога. Благодарение на оваа технологија, поголема нога како што расте паторот, воопшто не претставува да му се испечати нова, поголема нога. Лоринг дури ги качил онлајн 3D фајловите за секој кој знае за сличен случај да може бесплатно да ги даунлодира.

Сподели на Facebook
пати видено