Со помош на Икеа, цртежите на десет среќни деца ќе го напуштат светот на фантазијата и ќе станат реални, опипливи меки играчки кои Икеа ќе ги продава низ целиот свет како дел од кампањата „Меки играчки за образование“. Откако биле избрани финалистите од целиот свет, дизајнерите на Икеа ги претвориле во прекрасни играчки кои ќе се најдат во нивните продавници.
Икеа ја води оваа кампања веќе дванаесет години, но ова е прв пат да произведуваат играчки дизајнирани од деца. Едно евро од секоја продадена играчка ќе оди во УНИЦЕФ и „Спаси ги децата“. Ова е прекрасна идеја, но не е прв пат да се спроведува вакво нешто. Имено, истиот концепт го примени и Бадсис.
Тимео, 4 години, Белгија
Стела, 6 години, Кипар
Дора, 7 години, Велика Британија
Коен, 10 години, Холандија
Алберт, 7 години, Романија
Ју Чен Ву, 6 години, Тајван
Маја, 8 години, и Џон, 5 години, Норвешка
Теренс, 6 години, Малезија
Карла, 10 години, Хрватска