Верувањето во проклетства во денешно време деува малку примитивно и смешно. Меѓутоа, некогаш тоа не било така, луѓето навистина верувале во проклетства и со нив објаснувале многу настани. Не само што верувале, туку и ги применувале, но секако со внимание, бидејќи неоправданото проклетство може да му се врати назад на тој кој го фрлил. Верувањата во некои историски проклетства останале и до ден денес. Еве некои од најпознатите проклетства во историјата.

1. Проклетството на фараоните

pr01

Судејќи според некои извештаи, по отварањето на гробницата а Тутанкамон, истражувачите наишле на натпис со зборовите: Кој ќе го вознемири фараонот, наскоро ќе ги почувствува крилјата на смртта. Тоа не ги одвратило египтологот Хауард Картер и лордот Карнварон во 1922 година да влезат во гробницата и да се прослават со едно од најголемите археолошки откритија. Но, набргу потоа, многу од членовите на групата која влегла во гробницата умреле од најразлични причини. Лорд Карнавор умрел од инфекција по убод од комарец, додека еден од египетските принцови го убила жена. Тоа довело до голема помама во јавноста и во медиумите наголемо се пишувало за проклетството на гробницата.

Секако, имало и случаи кога некои луѓе влегле во гробницата, па остатокот од животот го проживеале сосема нормално, но медиумите за нив не пишувале. Сепак, бројот на смртните случаи бил висок, па некои научници тоа ги навело на шпекулации дека вистинската причина за смртта бил некој вид на стара бактерија или габа, која илјадници години останала заробена во древните гробници, а за којашто истражувачите немале развиен имунитет.

2. Проклетството на Оци – ледениот човек

pr02

Оци е најстарата европска мумија. Седум луѓе умреле по контактот со неа, што довело до нагаѓања дека и Оци е под некаква клетва, исто како и фараоните. Меѓутоа, покрај овие седуммина, во контакт со телото дошле уште стотина луѓе и на поголемиот број од нив ништо не им се случило.

3. Проклетството на Тамерлан

pr03

Третото проклетство е особено интересно. Тамерлан бил татарски емир кој живеел од 1360-1405 година и бил познат како еден од најголемите и најсуровите освојувачи на светот. Создал империја којашто била една од најголемите на светот. Бил човек со висока интелегенција, ја сакал уметноста и говорел неколку јазици. По неговата смрт, Тамерлан бил погребан во мавзолејот во Самарканд. На неговата гробница се запишани зборовите: „Ако оваа гробница се отвори, ќе започне најголемата војна“. Меѓутоа, по неколку векови, кога се промениле многу влади и населенија, на гробницата сите заборавиле и таа останала запуштена.

Сѐ до 1941 година кога Сталин, кој бил впечатлен од животот на Тамерлан, не наредил во тој град да појде експедиција да ја отвори гробницата, да ги донесе останките и сето тоа да го сними со камера. Експедицијата малку се збунила, бидејќи не биле сигурни во кој град точно се наоѓа гробницата, па малки се задржале, но на крајот сѐ отворле и ги донеле останките во Русија.

По игра на случајот, гробницата била отворена еден месец пред Хитлеровиот напад на СССР. Советскиот Сојуз во таа војна изгубила околу 26.6 милиони жители, и тоа бил еден од најубиствените напади во историјата. Додека војната сѐ уште траела, руските научници решиле да ги вратат посмртните останки таму кадешто ги нашле. Тоа го сториле во ноември 1942 година, погребувајќи ги по исламски обичаи, точно во моментот кога започнала офанзивата во битката за Сталинград, кога руската војска победила и што претставувало една од најголемите пресвртници во Втората светска војна. Од тогаш повеќе на никого не му паднало на памет да ја вознемирува гробницата.

Заслугата за враќањето на посмртните останки на Тамерлан се припишува на рускиот камерман Малик Кајумов, кој бил член на експедицијата и предупредил за клетвата, уште пред да се отвори гробницата. После тоа служел во војска и преку неколку генерали му праќал молби на Сталин да ги врати останките назад. Сталин во тоа време бил доста суеверен поради сите случувања, па решил да го послуша. Малик бил камерман, но сепак не успеал да сними ништо од гробницата, од непознати причини.

4. Проклетството на дијамантот на Хоуп

pr04

45-кратниот син дијамант на Хоуп е еден од најпознатите дијаманти на светот. Се смета дека ќе го стигне несреќа секој кој го носи или поседува. Главно тоа и се случувало, иако стручњаците сметале дека сето тоа е случајност и дека целата приказна за проклетството е маркетиншки трик со цел да се зголеми цената на дијамантот на пазарот. Многу од смртните случаи не се ни докажани, туку се само легенди.

Еве што вели легендата. Дијамантот првично бил прокриумчарен од храм во Индија од страна французот Жан Батист Траверниер, когошто набргу потоа го убиле група кучиња. Потоа дошол во сопственост на Луј XVI и Марија Антоанета, коишто ги изгубиле главите во Француската револуција. Посте тоа дијамантото се нашол во сопствеништво на семејството Хоуп, кое паднало во финансиски проблеми, па поради тоа биле принудиени да го продадат. Дијамантот го купила Евелин Меклин, ќерката на сопственикот на Њујорк Тајмс, којашто набргу откако го купила дијамантот изгубила две деца, а мажот ја оставил поради друга жена. На крајот дијамантото завршил во музеј, кадешто се наоѓа и денес. Додека го пренесувале во музејот, возачот случајно го допрел. Потоа тоа целото семејство му изгорело во пожар.

5. Клетвата на Текумсех (проклетството на американските претседатели

pr05

Текимсех бил индијански поглавар когошто во војната во 1811 година американските војници повеќе пати го излажале и измамиле. На крајот на целото племе му ја одзеле земјата и убиле голем број на припадници на истото. Братот на Текумсех, кој бил врачот и духовниот водач на племето, бил огорчен и фрлил клетва на генералот Харисон и на сите американски претседатели кои ќе бидат избрани во година која завршува на нула. Во следните 100 години сите американски претседатели кои биле избрани во година на нула умирале за време на мандатот, што натерало многу луѓе навистина да поверуваат во клетвата. Но, последните двајца претседатели Роналд Реган и Џорџ Буш успеале да останат до крајот на мандатот, што значи дека клетвата престанала да важи.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено