„Опипливи сеќавања“ е експеримент чија цел е со помош на 3D печатачи да им се помогне на слепите лица физички да се потсетат на минатото. Овој проект кој бил развиен од LOLA компанијата Pirate3D од Сингапур ја тестира 3D технологијата на невообичаен наччин и постигнал неверојатни резултати.

Како што Брајловата азбука била измислена за да им се помогне на слепите полесно да апсорбираат информации, овој метод има потенцијал да им го отклучи пристапот кон слики и сеќавања од нивното минато кои во даден момент станале неповратно заклучени за нив, со можноста старите фотографии да бидат печатени како 3D скулптури или релјефи.

Слепите луѓе не можат да се сетат на сите детали од фотографијата, што прави визуелните мемории да бледнеат со текот на времето

3d01

Со помош на 3D печатарска технологија, Pirate3D ги вратиле сеќавањата за пет учесници во овој проект. Ова е фотографија на брат и сестра.

3d02

Насловна корица на албум на слеп музичар

3d03 3d04 3d05

Слепиот режисер кој работел на оваа филмска сцена конечно можел да го „види“ своето дело

3d06 3d07

Пресоздадени стари семејни фотографии

3d08 3d09 3d10

Реакцијата на учесниците е бесценета

3d11

Изгледајте го целото видео за проектот

Сподели на Facebook
пати видено