Мајмуните го поплочиле нашиот пат кон месечината, а сега руските научници се надеваат дека приматите ќе бидат клучот за првите човечки колонии на Марс.

Експерти од Руската академија на науките тренираат четири макаки мајмуни да патуваат во вселената и да се приземјат на црвената планета – иако не е јасно дали ќе можат да се вратат назад. Тренирањето, кое вклучува употреба на џојстик и решавање загатки може да ги оспособи да управуваат со мисијата во рамките на следните две години. Програмата била започната во 1980-те и се спроведува при Институтот за биомедицински проблеми во рамките на академијата.

m01

За вакви научни проекти, мајмуните се одгледуваат на специјални фарми, при што се бираат најинтелегенните. Сите четири макаки мајмуни биле избрани поради нивните когнитивни способности и брзоото учење, објаснуваат научниците. Секој ден тимот, предводен од Инеса Козловскаја, ги тренира мајмуните да контролираат џојстик и да погодат цел обележана со курсор. Кога успешно ќе ја завршат задачата, како награда добиваат голтка сок. Кога ќе ја совладаат таа вештина, се пристапува кон тренирање да реаваат едноставни математички задачи и загатки.

m04

На крајот на нивниот тренинг мајмуните би требало да бидат способни самите да извршуваат распоред со дневни задачи. Научниците се надеваат дека ова ќе биде постигнаото во 2017 година. Д-р Козловскаја вели дека главната целе да се научат мајмуните да изведуваат определен опсег на задачи кои тие би можеле да ги запомнат.

m03

„Тоа што се обидуваме да го направиме е да ги направиме колку што е можно поинтелегентни, за да можеме да ги искористме за истражување на вселената надвор од нашата орбита“, вели таа. Тимот исто така се надева дека мајмуните ќе можат да обучат и други мајмуни и да ги интегрираат во својот тим. Макаки мајмуните имаат просечен животен век од околу 25 гдини, па научниците се надеваат дека ќе имаат доволно време да ги научат да го преживеат шестмесечниот пат до Марс.

m05

Првиот примат кој заминал во вселената бил Алберт I во јуни 1948 година на американска воена ракета V-2. Една година подоцна, втората V-2 ракета го кренала Алберт II на височина од 133 километри. Ракетата се вратила, но мајмунот умрел како последица на ударот. Истата година во вселената бил испратен и Алберт IV, кој бил поврзан на машини кои го надгледувале неговото здравје. Не претрпел никакви лоши ефекти додека бил во вселената, но исто како и Алберт II, умрел при ударот.

m02

По две години во вселената бил испратен друг мајмун, овојпат наречен Јорик, заедно со 11 глувци. Јорик бил првиот мајмун кој преживеал патување во вселената, по што следувал летот на шимпанзото Хем, познат како астрошимпанзо.

 

Сподели на Facebook
пати видено