Дејвид Хагинс не е обичен седумдесетгодишен човек. Почнувајќи од осумгодишна возраст, вели тој, бил жртва на серија грабнувања од страна на вонземјани коишто продолжуваат до ден денес. Сега, како начин да се справи со овие искуства, овој жител на Њу Џерси ги документира овие грабнувања преку серија уметнички слики.
Ова е Дејвид Хагинс. Тој вели дека вонземјани го киднапирале во текот на целиот негов живот.
Првото грабнување се случило кога имал осум години
Блиските средби од трет вид продолжиле низ целиот негов живот. Хагинс сега има седумдесет години.
„Ќе ми влезеа во собата и потоа ќе одлетавме.“ – вели Хагинс, опишувајќи ги неговите искуства.
Тој дури вели дека неговата невиност ја изгубил со жена вонземјанин по име Крешент.
И не само тоа, туку имал и деца со неа.
Сега своите искуства ги меморира преку серија слики кои ќе бидат прикажани во документарниот филм посветен на него – Љубов и летачки чинии: Далечниот живот на Дејвид Хагинс.
Покрај редовните средби со сиви вонземјани, Хагинс вели дека сретнал и раса на мали влакнести вонземјани и вонземјани инсекти.
Хагинс се сретнува со вонземјанин инсект.
Дали овие средби навистина се случиле останува мистерија, но дека тие настани се вистински за Хагинс нема никакво сомнение.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.