Здраво јас сум Душко Пеземеков имам 29 години, не сум вработен, ама за две недели прaм свадба. Сите млади прво гледат демек да се финански стабилизират па после да прат свадби, ама јас чекав и мислам дека време е да се оженам оти можи асолна работа нема уште 5-6 години да најдам. Како и да е.
Свадбите како дешавки се приказни за себе
Се почнува уште од бовчите ко ќе се премат. То е војна, сите се трудат шо поубо да клат, а на цела немаштија поевтино да поминат, а таква комбинација нема. Цела работа треба да си ја средат младите, но то би било многу едноставно, па зато тука се вујни, стрини, баби, тетки и по некоја стара баба комшивка која стално знај како треба, а за апсурдо да биди поголем најчесто таја е немажена.
Одиме понатаму
Момачката и моминската се како корнер во 90-та. Најчесто можи да завршат со КАНСЕЛ ДА ИВЕНТ, ако претера младоженецо или ако се погоди стриптизеро на моминската ачик дете. Ама шојма врска ќе се испијанат сите и ќе се понашаткако Пелистер шампион да е.
Одиме сега по невестата
По невестата најчесто оди одбрано друштво и мора да се напрај шо поголема штета кај сватојте во смисла, шо поќе да се испие, шо поќе да се изеди, галама да се напрај, а за невестата да се плати шо е можно поевтино.
После сите адети иди големото финале, в кафана
По најново сите сватој мора да одат до дома да се преслечат, оти ако е свадбата во Јули можи да има гасовно труење од прв степен, а жените мора да пазат на фризурите дури се преслекват оти сите имат фризури од типот “Саат кула” или “Ајфелова кула”, греота е да се расипи. Мора веќе еднаш да почнат да пишат во поканите, сите сватој да идат јадени оти вкафана да можат по 100 евра да ти земат од чоек, а за вечера супа пилешка да дат и по едно крем бананче место торта, а келнер за пијачка да порачаш треба в полиција да се јавиш. На секоја свадба има по еден од по страна шо е гост вечери или парти енимал и ги забавуват сите присутни. Од нашата страна то е чичко ми Живко Пеземеков Пијаните гости се друк калибар и стално има по едно чупе шо учествувало на Идоло, ама испаднало во втор круг оти Калиопи ја замразила и сеа као демек треба да пеј тука и сите да не тероризира. Најтрагично шо е то шо таја незнај да пеј, ама чупето нема кабает оти овие домашните се криви шо ја лажат дека убо пеј.
Едино шо треба да се забрани по свадбите е Мои су другови од Бајага
Не дека не чини песната, туку а почни ова песна одма возо го прат. Ако ми го напрат то чудо демонстративно ќе ја напуштам свадбата. А Пигвин денс треба да се забрани од Уставен Суд, како Катица Јанева шо е забранета.
Ај бидете ми поздравени морам да одам на проба за костумо !!!
Автор: Виктор А.К.А. Башлак