Овие симпатични летачки верверички ги има во Јапонија и Европа, од Балтичкото Море до брегот на Тихиот Океан, и спаѓаат во категоријата евроазиски летачки верверички.
Летачките верверички не летаат навистина: тие лебдат во воздухот со помош на крзнената мембрана помеѓу нивните предни и задни нозе. Со помош на овие мембрани тие можат да прелетаат преку сто метри, било за да избегаат од предатор или едноставно да преминат од едно на друго дрво.