Човекот кој спасил рането срнче во дивината, го негувал додека да оздрави пред да го врати назад на неговата мајка, целото емоционално патешесетвие го снимил со камера. Човекот, кој е познат само под името Дариус, ја качил снимката на ЈутЈуб, за која се верува дека е снимена во националниот парк Јелоустоун. Љубителот на животни минатата пролет забележал дека срнчето било рането по тоа што заостанувало зад својата мајка и другите срнчиња. Иако Дариус не поддржува диви животни да се чуваат како миленичиња, тој решил да го надгледува заздравувањето на младенчето.

sr01

Го довел срнчето во својата куќа и му ја имобилизирал скршената нога.

„Беше многу гладно и немаше никаков проблем со другите мои миленичиња. Првата недела спиеше на мојот кревет, врз мојата кошула, и кошулата ѝ стана многу важна“, раскажува Дариус. „Без кошулата не можеше да заспие. Морав да поистражам на интернет за да дознаам како се чува срнче…станував ноќе на секои неколку часа да ја хранам и да чистам по неа“.

sr06

Дариус вели дека во чувањето на срнчето му помогнало неговото куче Мак. По две недели со срнчето, тој го нашол неговото семејство и го вратил во дивината. Но, срнчето не сакало да го остави.

„Уште по првиот ден се надевав дека ќе можам да го пуштам срнчето назад во иднината. Навистина се надевав дека нема премногу да се приврзе за мене, бидејќи тоа би ѝ го отежнало преживувањето во дивината.“

sr07

Но Дариус сепак го ослободил срнчето и оттогаш неколку пати го видел во дивината заедно со неговото семејство.

„Го видов семејството многу пати откако го пуштив. Мајката вообичаено не се оддалечува премногу од местото кадешто се чувствува безбедно, па така таа остана тука во околината.“

Сподели на Facebook
пати видено